Најлон торта: Хит рецепт кој го обиколи целиот интернет
Бело тесто во комбинација со кекс и крем банани кои ќе ве остават без зборови
Потребни состојки:
- 10 јајца
- 400 грама шеќер
- 1 супена лажица оцет
- 500 милилитри млеко
- 3 супени лажици брашно
- 250 грама маргарин
- 3 кесички инстант шлаг
- 150 грама мелен кекс
- 100 грама чоколадо
- 10 крем банани
Начин на подготовка:
За кората, изматете ги белките со 250 грама шеќер и оцет. Матете сè додека не добиете цврст снег. Премачкајте го садот за готвење со маргарин и сипете брашно врз него, а потоа додадете ја смесата со белките и оставете ја да се суши 45 минути на 150 степени.
За филот, изматете ги жолчките со млеко, додајте брашно и 150 грама шеќер, па гответе ги на пареа сè додека не згуснат. Потоа тргнете ги од оган и оставете ги да се оладат малку, па додајте го маргаринот, изматен и подготвениот шлаг (направен од 2 кесички). Поделете ја смесата на два дела. Во првиот дел ставете го кексот и стопената чоколада, а во другиот дел крем бананите.
Врз готовата кора наредете го прво темниот фил, а потоа посветлиот. За крај, премачкајте ја тортата со останатата кесичка шлаг.