30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

30 нешта кои не ви е криво што ги губите кога ќе влезете во сериозна врска

Врските се прекрасни, но тие бараат големи жртви. Сега, кога нештата не се вртат само околу вас мора да внимавате и на туѓите чувства – без разлика дали тоа значи да гледате некој хорор филм наместо романтичен, или да пропуштите забава за вечера со домашните.

0-31-neshto-koe-go-gubite-koga-kje-vlezete-vo-seriozna-vrska-kafepauza.mk

Да, секако дека нема да можете да играте голи по станот или да го гледате згодниот сосед, но врските си имаат и убави нешта – прекрасни мигови исполнети со љубов плус добивате личност која ќе ве почитува и поддржува. Кога ќе ги ставиме работите на вага, тие изгледаат еднакво.

1. Можноста да флертувате со други луѓе – Мех, и онака не бевте добри во тоа.

2. Таа посебна облека за „оние денови“ (која одамна би требало да ја имате фрлено).

3. Стравот со кого ќе одите на следната свадба.

4. Сомневањето во себеси – конечно имате некој кој ќе ви ласка и ќе ви помага да верувате во себе.

5. Шминката – Чувството е прекрасно кога ќе се разбудите во својата најприродна верзија.

6. Слободата во вашиот кревет. – Сигурни сме дека би се откажале од многу нешта за чувството во раката додека лежи врз вас.

7. Вашата рутина – Секој ден поминат со него е непредвидлива авантура…

8. Чудните први состаноци – Вие и вашиот паричник можете да поминете без нив.

9. Вишокот простор во креветот наместо крадењето на прекривките. Бидејќи сега што е ваше е негово и обратно.

10. Поканата за забава кај некој познаник – Не чувствувате потреба да одите затоа што се надевате дека таму ќе има некој нов згоден тип.

11. Вашата нормалност – Лудото заљубување изгледа како фантазија и сте среќни кога сте на небо.

12. Времето со вашиот вибратор – Сепак, сексот е многу подобар.

13. Време за вежбање – Постојат други начини за физичка активност…

14. Гледањето филмови и серии до 4 часот наутро.

15. Тиндер.

16. Несигурностите – Иако не ви треба маж за да ви каже дека сте прекрасни, сепак е убаво кога ќе ви каже некој убав збор. Чувството е прекрасно кога знаете дека постои некој кој ве сака баш такви какви што се.

17. Трошењето пари за вечера – А затоа имате повеќе пари на сметката. Има смисла сега…

18. Вашите сексуални инхибиции – А вие мислевте дека тоа го има само во чик литературата…

19. Вишокот килограми – Сигурно веќе не се опивате во барови и јадете после излегување. Има подобри нешта кои треба да се најдат во вашата уста.

20. Апсурдните драматизирања со пријателките – Вие си ги одбирате битките и одлучувате кога да се истурите на вашите пријателки. Сега имате момче и можете и на него да му викате!

21. Кога не знаете што да одговорите на нечие „те сакам“ – Кому му требаат зборови покрај вакви посебни чувства?!

22. Сексот за една вечер – Кога се будите на сред вечер на непозната територија и се надевате дека звукот на вашето мочање нема да го разбуди странецот со кого малку сте се забавувале.

23. Вашите големи планови да живеете со 657 мачки.

24. Празниот простор на домалиот прст – Знаете на што мислиме. 😉

25. Стравот од врзување.

26. Постојаното прашување од мајка ви: „Кога ќе го запознаам тоа твое момче?“ – Сега мамо, сега…

27. Возењето сами – Имате некој кој постојано ќе доаѓа со вас, скоро секаде каде што ќе одите. И уште поважно, тој ќе го прави тоа позабавно.

28. Огорченоста кога ќе видите пар – Добредојдовте во клубот.

29. Омразата кон романтични филмови – Чудно е како почнавте да се пронаоѓате во сите ликови.

30. Грижата дека ќе умрете сами, а мачките ќе го изедат вашиот труп.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар