Изненадувачки едноставна тајна која може да ви помогне да бидете среќни секој ден

Изненадувачки едноставна тајна која може да ви помогне да бидете среќни секој ден

Неверојатно е како ние луѓето сме во бескрајна потрага по среќата. Се обидуваме да ја најдеме преку различна храна, работа, пријатели, врски, локации, па дури и фамилии. Но, сепак забораваме дека самиот концепт за среќата вклучува нешто кое веќе се наоѓа во нас. Единствениот начин да се чувствувате вистински среќни е доколку вие самите се направите среќни. Никој друг не може да го направи тоа за вас.

Изненадувачки едноставна тајна која може да ви помогне да бидете среќни секој ден

Среќата која се добива од друга личност не е трајна. Доколку тој или таа си замине, ќе ја повлече и среќата со себе. Знаете зошто се случува тоа? Бидејќи вистински среќните врски се составени од две индивидуи кои најпрво биле среќни самите со себе, а потоа со нивното присуство дополнително влијаеле врз среќата која веќе постои. Тие позитивно влијаат еден на друг и љубовта која ја делат само го надополнува нивното чувство за среќа. За да може љубовта и вас да ве усреќува, најпрво треба да бидете среќни со себе.

Кога едниот партнер чека од другиот да го „направи целосен“, врската брзо губи баланс. И ниту една врска не може да опстане доколку само едната страна вложува труд. Процесот на подеднакво давање и примање е основно за одржување на љубовта и среќата во подем. Па, ако е толку важно да бидеме најпрво среќни самите со себе, што знаеме за индивидуалната среќа? Ѕирнете ги следниве факти кои можат да ве натераат на размислување:

  • Истражувањата покажале дека сите ние сме природно најсреќни на 22, 55 и 70 години.
  • Генерацијата со најмногу стрес досега е онаа чии припадници се родени од средината на осумдесеттите па сè до почетокот на новиот век.
  • Ниту „среќните луѓе“ не се среќни секој ден (ова чувство природно расте и опаѓа).

Експертите без сомнение едногласно се согласуваат дека доколку ја прифатите одговорноста за вашата сопствена среќа, вие ќе ја пронајдете тајната за успех. Тоа значи и дека за време на лошите моменти (кои сите ние ги имаме), ќе се потпрете на флуидната природа на среќата и ќе верувате дека ви следуваат подобри денови. На овој начин ќе бидете многу посреќни и позадоволни од вашиот живот, како и од животот на луѓето околу вас.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар