Работи кои ќе ги разберат само неодлучните луѓе
Да бидете неодлучни не значи дека сте неспособни да донесете одлука, туку дека сте несигурни во поглед на исправноста на својата одлука. Неодлучните постојано нешто мерат, се обидуваат да предвидат, да земаат во обѕир, размислуваат и никако да пресечат, иако измериле 30 пати по 3 пати. Понекогаш дозволуваат околностите да ги притиснат и присилат, иако знаат дека тоа не е добар начин да се донесе добра одлука. Неодлучните често се многу свесни, не сакаат никого да повредат и се големи дипломати – баш поради тоа што внимателно размислуваат за сите аспекти на некое делување, наместо да тргнат во акција, па што биде да биде.
Речениците кои ќе ги слушнете од некој кој добро знае дека е неодлучен, гласат:
1. Јас само додека да одлучам, а потоа не запирам.
Тоа е точно. Неодлучната личност се мачи сè додека не донесе одлука, но кога еднаш ќе реши, тогаш не постојат препреки до целта. Како сета неодлучност да се акумулира во некоја сила која потоа се губи по инерција. Бидејќи знаат колкав напор е потребен за секоја донесена одлука, неодлучните цврсто се држат до она што си го задале на себе, кога конечно ќе дознаат што е тоа. Знаат да бидат најупорни од сите околу себе, бидејќи ако се откажат, тогаш ќе мора повторно да одлучуваат за нешто. Во секој случај, и откажувањето е одлука која е тешко да се донесе.
2. Не знам колку е тоа паметно.
Кога сме неодлучни, знаеме што чувствуваме и што сакаме да направиме, но се плашиме дека тоа не е најпаметно. Да го послушате импулсот е едно, а да се соочите со последиците е друго. Неодлучните се обидуваат да ги предвидат сите последици на сите одлуки и затоа многу им е важно да донесат паметна одлука – а тоа е онаа која ќе има најмалку последици, т.е. онаа која нема никому да нанесе штета.
3. Јас знам што ми е полесно, но тоа можеби не е најдобро.
Неодлучните добро ја познаваат линијата на помал отпор – краткорочни решенија, кои изгледаат едноставно и кои можат лесно да се испланираат и остварат, но кои само ги одложуваат и додаваат тежина на поголемите и долгорочни одлуки. Тие знаат што би било најлесно за нив, но исто така знаат и дека лесното не е истовремено и најдобро. И додека бескрајно нешто одложуваат и на другите им оставаат впечаток дека не се доволно вклучени и заинтересирани, тие всушност многу повеќе размислуваат за посуптилните страни на некоја одлука.
4. Нема што друго, но морам уште да размислам.
И кога решението им се наметнува, бидејќи околностите доволно ги однеле во тесно, тие ќе истрпат уште малку притисок, за да можат уште малку да размислат. Неодлучните се алергични на каење – тоа е потполно погрешно и бесмислено чувство и се обидуваат да го избегнат на сите можни начини.
5. Што би направил ти на мое место?
Тие често го поставуваат ова прашање. А после внимателно ги разгледуваат сите одговори. Нема да им помогне ако на многумина им се совпаѓаат одговорите, односно ако повеќе луѓе ја истакнуваат истата опција. Но, ќе им помогне да ја согледаат својата позиција и нејзините специфичности во однос на позицијата на другите и креативно да размислуваат за тоа како да ја променат, со цел полесно да донесат паметна одлука.