За или против? Еве што сѐ треба да знаете за менструалната чашка!

За или против? Еве што сѐ треба да знаете за менструалната чашка!

Иако веќе со години се присутни насекаде низ целиот свет, менструалните чашки сѐ уште не се толку популарни на Балканот, но во последно време постојат сѐ повеќе и повеќе позитивни информации и искуства за овој производ кој денес може да се купи или порача во скоро сите аптеки. Ако сакате да дознаете нешто повеќе за менструалните чашки ви ги носиме одговорите на најчесто поставуваните прашања.

0-za-ili-protiv-eve-shto-se-treba-da-znaete-za-menstrualnata-chashka-kafepauza.mk

1. Што е менструална чашка?

Станува збор за посатка со форма на ѕвонче, малку поголема од тампон, направена од мазен медицински силикон која за време на циклусот се вметнува во вагината за да ја собира менструалната крв – што е спротивно од тампон и хигиенски влошки кои ја впиваат крвта. Доаѓа во 2 величини – за жени кои немаат родено и/или имаат под 30 години и оние кои имаат родено и/или се постари од 30 години.

2. Како се употребува?

Се притиска со прстите, се свиткува на пола и се вметнува во вагината. Кога ќе ја пуштите, таа се шири и се прицврстува за вагиналниот ѕид за да ја собира менструалната крв. Ако е исправно ставена, чашката нема да пропушта крв, а нема ни непријатен мирис. Кога чашката ќе се наполни испразнете ја директно во веце школката, измијте ја со топла вода и вратете ја на истиот начин.

3. Какво е чувството да одите и седите со вметната чашка?

Откако ќе го совладате нејзиното ставање, не би требало ни да ја осеќате. Таа не предизвикува никакви иритации, нити пак смета во движење, а може да се носи и за време на сите физички активности, па дури и при пливање и јога.

4. Колку често треба да ја празните чашката?

Честотата зависи од големината на чашката (како што спомнавме, доаѓа во 2 големини) и јачината на менструалното крварење. Чашката може да прими скоро 3 пати повеќе крв од тампонот што значи дека во текот на обилно крварење треба да ја празните на секои 5-8 часа, а во поблагиот дел од циклусот најмногу до 12 часа.

5. Кои се недостатоците на менструалната чашка?

Исто како и тампонот, треба да научите да ја ставате правилно. Иако процесот не е комплициран, потребно е да вложите малку почетнички труд, затоа што ако чашката не „седне“ на точната позиција може да дојде до пропуштање. Најголемиот недостаток на менструалната чашка е тоа што (поради празнење на крвта и нејзино перење) не е погодна, нити практична за употреба надвор од домот, но од друга страна не мора често да се празни.

6. Кои се предностите на менструалната чашка?

За разлика од влошките и тампоните кои можат да предизвикаат инфекции, иритации и развој на бактерии, чашката е потполно сигурна и нема никакви нус-појави. Исто така не ја суши матката и не е потребно да ја вадите кога вршите нужда. Не е штетна за околината, а со оглед на тоа дека е трајна, значително е поевтина од влошките и тампоните.

7. Какви се коментарите на жените што ги користат?

Коментарите горе-долу се позитивни. Иако менструалните чашки не се многу застапени на Балканот, оние жени што ги користат се толку задоволни што никогаш не би користеле ни влошки ни тампони.

Важни напомени:

  1. Не заштитува од бременост и полово преносливи болести.
  2. Жените кои имаат спирала можат нормално да ја користат, но треба да внимаваат на конците.
  3. Не е наменет за жени кои ја немаат изгубено невиноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар