Што ќе се случи доколку секојдневно ги масирате вашите стапала?

Сподели

Една од техниките со чија помош можеме да си овозможиме големо задоволство и подобро здравје е масажата на стапалата, особено пред спиење. Иако е добро да користите масла богати со лековити својства, за да почувствувате голема разлика доволно е и само да ги масирате стапалата со вашите раце. Погледнете ги следниве 6 причини зошто би требало да го практикувате ова секоја вечер пред спиење.

Реклама

rn

1. Зајакнување на имунитетот

rnМасажата на стапалата помага при опуштање и исцелување. Вие со помош на оваа техника ќе го опуштите целото ваше тело и ќе ги спречите штетните влијанија на секојдневниот стрес врз вас. Редовната масажа на стапалата може да ве заштити од огромен број болести поврзани со стрес.rn

2. Енергија и подмладување

rnМасажата на стапалата има големи здравствени придобивки бидејќи создава извор на енергија. Од друга страна пак, таа ги ослободува и блокадите кои можат да ја задржат енергијата која треба да се движи слободно низ целото тело.rn

3. Подобрена циркулација и чистење

rnКрвта која циркулира низ телото е одговорна за транспорт на кислородот и исхрана на клетките во телото. Токму затоа и со масажата се подобрува циркулацијата, а на тој начин се чистат и токсините во телото. Бидејќи протокот во крвта се ограничува за време на стресот, таа ќе ги намали овие интензивни чувства и ќе ви помогне циркулацијата да ви се одвива без пречка.rn

4. Рамнотежа и ред

rnХомеостазата настанува кога сите телесни делови работат во хармонија едни со други со цел да ја одржат рамнотежата. Масажата на стапалата може да поттикне хомеостаза, која овозможува подобро здравје на телото.rn

5. Љубовни придобивки

rnКога станува збор за вашиот партнер, масажата на стапалата може да создаде одлична атмосфера за романтична вечер. Триењето на стапалата е сензуално, смирувачко, нежно и исполнето со љубов. Токму затоа и е прекрасен начин да му покажете на вашиот партнер дека навистина се грижите за него или неа.rn

6. Мир и опуштање

rnМасажата на стапалата може да ги намали потешкотиите и да доведе до длабока состојба на опуштеност. Една од најважните точки на вашето тело, соларниот плексус, се наоѓа на стапалата. Станува збор за еден мал вид складиште во кое се собира сиот стрес. Кога ќе ја притиснете оваа точка, стресот се опушта и телото се обновува.rn

Како правилно да се масирате?

rnТраење на масажата: 10-15 минути

Малку загрејте го маслото (ако имате можност, користете масло од сусам), нанесете го на дланките и потоа нежно, со кружни движења, почнете да го триете на стапалата. Со кружни движења масирајте го целото стапало, а потоа со секој прст движете се од табаните кон горните делови на стапалото, повлекувајќи ги двете раце паралелно. Повторувајте ги овие движења и додавајте масло кога ќе почувствувате дека ви е потребно. За подетални инструкции, погледнете го и следново видео:

Популарно

Може ќе ве интересира