19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на девојка за време на нејзиниот месечен циклус

Сподели

Месечниот циклус е дел од животот на секоја жена. Но, само затоа што мажите не поминуваат низ него, не значи дека немаат разбирање за своите најблиски. Најчесто, нивните коментари се кажани со добра намера, иако понекогаш тие ги избираат погрешните зборови и токму затоа мора да бидете многу внимателни. За време на месечниот циклус, жените се преплавени со хормони и многу лесно можете да ги навредите или повредите, па ако сакате да ги избегнете непријатните моменти, погледнете ги следниве 19 нешта кои никогаш не треба да ѝ ги кажете на вашата девојка за време на менструацијата…

Реклама

rn

1. Дали сè уште крвавиш?

rnАко треба да прашате, одговорот најверојатно е да.rn

2. Мислам дека изгледаш добро.

rnМислите? Подобро би било доколку сте сигурни.rn

3. Зошто на влошките пишува „супер“?

rnШто е супер? Супер циклус? Или вагина со супер големина? И покрај тоа што ви делува смешно, не правете шеги на оваа тема.rn

4. Мислам дека треба да јадеме нешто лесно вечерва.

rnИ таа веднаш ќе помисли дека е дебела и дека индиректно се обидувате да ѝ го кажете тоа.rn

5. Што не е во ред со тебе?

rnНејзините хормони полудуваат, па токму затоа големи се шансите дека тоа ќе се одрази и на нејзиното однесување. Не мора да го нагласувате тоа.rn

6. Што точно значи ПМС?

rnОва прашање оставете го за периодот по завршувањето на циклусот бидејќи таа може да го сфати како критика за нејзиното однесување.rn

7. Дали тоа значи дека оваа недела ќе биде посветена на орално задоволување?

rnДа, таа сигурно го забележала тоа на нејзиниот календар со цел случајно да не ги наруши вашите планови.rn

8. За колку крв станува збор?

rnГолеми се шансите дека најверојатно не ни сакате да го чуете одговорот.rn

9. Сигурна си дека можеш да изедеш сè што порача?

rnДве порции пилешки прсти, помфрит, печен компир, школки… Без разлика што ќе порача, не грижете се, таа сигурно ќе го изеде тоа.rn

10. Па, дали од сите дупки крвавиш или?

rnОва е едно од оние прашања чиј одговор ви е веќе познат, но сепак си велите дека не би штетело доколку прашате. Реалноста е дека сепак би можело да наштети.rn

11. Тоа дефинитивно ги објаснува претходните неколку денови…

rnМожеби таа навистина била нервозна, не секогаш ПМС-от е крив за сè негативно што ѝ се случува.rn

12. Нели неодамна имаше циклус?

rnПа, најверојатно да, бидејќи месечниот циклус доаѓа секој месец.rn

13. Дали те боли кога крвавиш?

rnМожеби би требало да го проверите тоа на вас?rn

14. Почекај, овие чаршафи се нови.

rnДали вашиот план е да ја нервирате до солзи?rn

15. Погледни на светлата страна – барем не си бремена!

rnКолку и да ви изгледа оваа изјава како утеха, верувајте во нејзината глава ни најмалку не е.rn

16. Ќе ти попуштам затоа што имаш циклус.

rnПогрешен чекор!rn

17. Сакаш да одиме на плажа?

rnСериозно?rn

18. Ајде да одиме на прошетка.

rnБез разлика во каква ситуација претходно таа барала од вас да одите на прошетка, ова не е соодветна можност за исполнување на нејзината желба.rn

19. Имаш циклус?

rnПа, ајде проверете…

Популарно

Може ќе ве интересира