Сигурна vs. несигурна жена

Сигурна vs. несигурна жена

Во зависност од тоа како ги доживуваме чувствата, како реагираме кога нешто сакаме, дали ја криеме нашата ранливост и колку сме отворени кон барање на она што ни треба – всушност покажуваме колку сме (не)сигурни, а тоа секако се отсликува и во интеракцијата со мажите.

0-Sigurna-vs-Nesigurna-zhena-kafepauza.mk

Чувствителноста нè плаши или нè радува

Несигурната жена ќе се исплаши од своите чувства, а сигурната ќе се чувствува поживо поради нив. Сигурната жена ќе ја прифати својата несигурност и ќе ужива во неизвесноста. Во интеракцијата со мажите, таа полесно ќе ја препознае машката несигурност, но тоа нема многу да помогне доколку тој самиот не е подготвен да ги урне своите ѕидови. Сепак, како сигурна жена таа полесно ќе го прифати фактот дека не е прифатена.

Се повлекуваме или го бараме она што ни треба

Несигурните жени се водат по онаа старата „око за око, заб за заб“, додека сигурните јасно ќе ги искажат своите потреби, ќе ризикуваат и по цена да бидат одбиени. Несигурните жени не сакаат да се изложат и да се соочат со проблемот. Сигурните сосем спротивно – сакаат работите да ги постават на чисто.

1-Sigurna-vs-Nesigurna-zhena-kafepauza.mk

Невозвратените чувства нè повредуваат или нè јакнат

Несигурните жени се лути, збунети и фрустрирани кога се повредени, се обидуваат да најдат задоволство во ситните одмазди и манипулации. За разлика од нив, сигурните жени попрво би го фрлиле на лавови оној кој ги повредил, но потоа ќе најдат и сила за да простат, пред сè на себе затоа што вложувале емоции во пропадна инвестиција.

Кулираме или покажуваме ранливост

Да се правиме дека не ни е ништо и да глумиме рамнодушност е карактеристика на мажите со која си го штитат повреденото его. Несигурните жени го прават истото. Кај силните жени тоа е различно, тие јасно ќе покажат ранливост, затоа што сакаат да ги исфрлат тие негативни чувства знаејќи дека отворената рана зараснува побрзо.

Бес или тага

Несигурните жени ќе бидат полни со бес поради мажите кои ги повредиле затоа што полесно е да ја префрлат одговорноста. Ќе тагуваат и ќе се самосожалуваат поради многуте лоши искуства. Сигурните жени ќе се лутат на себе поради наивноста и ќе тагуваат затоа што тоа можело да биде убаво поминато време.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар