Секако дека треба да се експериментира во сексот, но сепак постојат некои пози кои мажите не ги поднесуваат. Иако обожуваат да експериментираат со нови пози, тоа не значи дека секоја од нив им се допаѓа. Ако целите кон максимално задоволство, тогаш при следниот секс најдобро ќе биде овие седум нешта да ги прескокнете.rnrn
rn
1. Лажни и премногу гласни воздишки
rnСамо затоа што машката популација обожува порно филмови, не значи дека од вас се очекува концерт во кревет. Никогаш немојте да глумите оргазам или лажно да стенкате, особено ако едвај ве допира. Тој потег може да ве портретира како неискрена личност и да создаде проблеми во врската.rnrnАко секси звуците не ви се природна реакција, тогаш не ги форсирајте затоа што така ќе ја расипете атмосферата. Наместо да испуштате вештачки звуци, опуштете се и уживајте. Дури и најтивките искрени воздишки полни со уживање ќе го направат среќен и задоволен.rn
2. Морска ѕвезда
rnНема ништо полошо од мртвото лежење на креветот со испружени раце и нозе. Вашиот партнер сигурно не очекува некои посебни акробации од вас, но во оваа поза не можете да му пружите ама баш ништо. Затоа, соработувајте во кревет – за добар секс се потребни двајца.rnrn
rn
3. Несмасно скокање
rnОвој потег ќе го исплаши и најхрабриот маж. Ако скокате премногу додека сте на него, ризикувате да му нанесете сериозни повреди. Да, пенисот е мускул, но ако се свие во незгодна положба за време на ерекција, може да дојде до многу непријатни и болни повреди.rn
4. Груба игра
rnНекои го сакаат тоа грубо, но важно е да се напомене дека други пак, воопшто не уживаат во тоа. Никако не претпоставувајте дека вашиот партнер сака да му влепите шамар на сред секс, да го гребете или да му нанесете каков било вид болка. Од друга страна, ако партнерот дава јасни знаци дека сака таква забава, слободно играјте грубо, со доза внимателност, секако.rn
5. Неговиот задник – забранета зона
rnМногу мажи уживаат во играта со задникот, но голем број мажи се чувствуваат непријатно ако посветите премногу внимание на таа област. Комуницирајте со партнерот за да бидете сигурни дека нема да има непријатности во спалната соба. Ако сакате да играте на сигурно, тогаш вишокот внимание посветете го на неговите тестиси – нема маж на кој нема да му се допадне ваквиот потег.rn
6. Агресивно променување на насоката
rnКога сте врз партнерот, погрижете се да ја изберете вистинската насока т.е. да не се нишате како да јавате бик. Внимателно фатете го ритамот на својот партнер и никогаш немојте премногу да се наведнувате. Најголем број повреди на пенисот се случуваат токму во оваа поза, па затоа внимавајте.rnrn
rn
7. Нестручно подмачкување
rnЛубрикантот е пожелен, а некогаш и неопходен за луда забава помеѓу чаршафите. Затоа е важно да бидете информирани за сите типови лубрикант – од лосион до плуканицата како природен лубрикант, па и регенераторот во случај на секси игра под туш. Постојат многу видови лубрикант, но водата секако не е еден од нив, иако изгледа како логичен избор. Всушност, водата предизвикува поголемо триење, а со тоа и понезгоден секс.