Фасцинантни факти кои ги издвојуваат синооките од останатите луѓе
Доколку сте синооки, тогаш со самата боја на вашите очи вие драстично се издвојувате од останатите. Но, покрај бојата постојат и други фасцинантни факти кои ве прават уште поневеројатни и помистериозни човечки суштества. Прочитајте за што поточно станува збор…
Вие на некој начин сте роднини со сите останати луѓе кои имаат сини очи
Во еден момент, вие и вашите синооки пријатели ширум светот сте имале заеднички предок. Според едно истражување од Данска, сите имале кафеави очи сè додека не настанала мутација на гените кои се одговорни за бојата на очите.
Вие имате повисока толеранција за болка
Генетичарите спровеле истражување во кое ја тестирале поврзаноста на бојата на очите и болката доживеана за време на породувањето. Д-р Ина Белфер открила дека жените со посветли очи се справувале многу подобро со породувањето. Други истражувања на ова поле исто така ни укажуваат на влијанието на меланинот врз доживувањето на болката.
Вие сте со поголем натпреварувачки дух
Со едно истражување во кое учествувале 336 испитаници, научниците откриле дека луѓето со потемни очи многу се многу повеќе согласни отколку оние со сини очи. Изгледа дека оние со момци и девојки со сини очи не дозволуваат никој и ништо да се испречи на нивниот пат.
Вие сте луѓе на кои другите помалку им веруваат
Или барем така се верува. Според една неодамнешна студија, учесниците гледале во фотографии со различни луѓе оценувајќи колку би им верувале според начинот на кој тие изгледаат. Резултатите покажале дека оние со кафеави очи биле повеќе избирани како личности од доверба, додека пак оние со посветлите биле оценувани како луѓе на кои не може да им се верува.
Вие сте почувствителни
На светлината… Намалениот меланин во ирисот на вашите очи значи и дека имате зголемена шанса за развивање меланом. Токму затоа докторите им препорачуваат на сите оне кои имаат очи со посветла боја редовно да носат очила за заштита од сонцето.
Вие имате поголема шанса да станете алкохоличари
Според едно ново истражување, оние кои имаат светли очи, вклучувајќи ги и зелените, како и сивите со кафеаво во средината имаат многу поголем ризик да станат зависни од алкохол отколку оние со потемни кафеави очи. Иако сè уште не се знае причината, оваа силна тенденција била најизразена кај индивидуите со сини очи.