Кондоми кои ја менуваат бојата кога се во допир со инфекции

Кондоми кои ја менуваат бојата кога се во допир со инфекции

Група научници од академијата „Исак Њутн“ во Есекс, Источна Англија, измислиле презервативи кои ја менуваат бојата кога ќе дојдат во контакт со сексуално преносливи инфекции.

kondomi-koi-ja-menuvaat-bojata-koga-se-vo-dopir-so-infekcii-kafepauza.mk

Овие кондоми имаат вграден индикатор за откривање инфекции како што се кламидија и сифилис, а бојата ќе се менува зависно од врстата на присутните бактерии.

Креаторите на ова неверојатно откритие се 14-годишната Даниал Али, 13-годишниот Муаз Наваз и 14-годишниот Чираг Шак.

Генијалноста на оваа група ученици е наградена со Тинејџ наградата за најдобра здравствена иновација.

„Креиравме таканаречено ‘Око’ кое ќе претставува нов начин на откривање сексуално преносливи болести и кое ќе им помогне на идните генерации“ – изјавила Даниал.

Таа додала дека сакале да направат нешто што ќе го олесни детектирањето на сексуално преносливите инфекции во приватноста на сопствениот дом без потреба од инвазивни процедури на лекар.

Овие ученици како награда добиле 1.000 долари и пат до Бакингемската палата.

Меги Филбин, основач и извршен директор на Тинејџ наградите од областа на науката, изјавила дека тие ги поттикнуваат учениците да ги пласираат своите идеи и надвор од училницата. Покрај наградата за овој изум, наградени се и учениците кои измислиле чевли што овозможуваат напојување со електрична енергија додека одат, како и електрична чешма која може да помогне во снабдувањето со вода во земјите во развој.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар