Прекрасната Адријана Лима ви открива: 10 совети за фитнес и убавина
Познато е дека Адријана Лима е една од најпосакуваните жени во светот. Дури и со минимална шминка таа изгледа прекрасно. Сепак, таа има долго искуство од кое научила неколку трикови кои со задоволство ги споделува со вас. Погледнете ги нејзините топ 10.
Неколку слоеви маскара за „енергични“ трепки
„Мојата тајна во врска со густите трепки е тоа што нонстоп нанесувам маскара. Слој преку слој, неколку пати на ден. Особено во текот на летните денови. Мислам дека изгледа супер. Понекогаш, намерно ја нанесувам да изгледа неуредно. И, секако ја нанесувам и на горните и на долните трепки за изедначен и подобар изглед.“
Мешање бронзер и крема за лице за природен изглед
„Ова ми е омилено. Кога ми е доста од шминка, мешам бронзер со крема за лице, или пак со крема за сончање. Ова му дава убав сјај на вашето лице дури и кога немате шминка.“
Кармин на два начина
„Понекогаш земам розов или црвен кармин/сјај за усни и нежно го тапкам на усните… И, од истиот производ нанесувам малку на своите образи за да добијам природен изглед.“
Мек молив за очи
„Многу жени имаат проблем со користењето на моливот за очи. Тоа што јас го научив е дека моливот за очи е многу подобар доколку е мек, а не премногу сув и цврст. Затоа обрнете внимание каков молив за очи купувате, бидејќи меките, всушност ви овозможуваат и попрецизна линија.“
Ужина – капини, боровинки и варен зеленчук
„Кога обрнувам малку повеќе внимание на мојата исхрана, не јадам грицки. Јадам зеленчук. За појадок или ручек јадам варен зеленчук или свеж, но може да биде и во комбинација. Ако сакате да јадете грицки, мој совет е тоа да бидат капини и боровинки. Може да ги јадете цел ден, а тие всушност ќе ви помогнат во согорувањето на мастите. Само напред!“
Лененото масло е нејзиното тајно оружје
„Доколку сакате вашата коса да расте побрзо може да користите ленено масло. Резултатот е одличен. Вашата коса ќе биде сјајна и разлетана, и ќе расте многу побрзо.“
Интензивен тренинг за подобри резултати
„Сакам интензивен тренинг. Сакам да се препотам. Сакам да скокам на јаже. Јажето е супер бидејќи не зазема голем простор. Ставете го во чанта и користете го каде што ќе посакате. Мојата рутина е: 10 минути скокање на јаже, 35 минути трчање. Понекогаш се случува да скокам на јаже дури и еден час. Да не зборуваме за тоа дека со ова може да согорите дури до 1.000 калории.“
Не ја мијте косата често
„Доколку имате сува коса, не мијте ја секој ден. А, доколку имате многу сува коса трудете се да ја миете само еднаш во неделата. Маслото ќе ви помогне вашата коса да изгледа поубаво. Но, исто така тоа зависи и од вашите активности и колку често се потите. Па, создадете рутина. Исто така, совет плус: ако често ја миете косата, пробајте да користите сув шампон.“
Бразилско фенирање – за исправување на косата
„Ова е една од работите кои би ви ги предложила доколку имате виткана или сува коса. Одлично е, и мислам дека не би можела без ова. Го користам овој третман секои два месеци, и мојата коса е едноставно супер сјајна, има волумен и тежина. Ви го препорачувам.“
За здрава кожа и нокти, пазете што јадете
„Доколку сакате здрава кожа, многу е важно што јадете, бидејќи верувале или не, сè што јадете ќе се одрази на вашиот физички изглед. Ќе се одрази на вашата коса, кожа, нокти… така што многу е важно како се храните.“