Кога и како се става кошулата во панталоните?

Сподели

Ставањето на кошулата во панталоните може да изгледа како нешто за кое нема потреба да се зборува затоа што сите постојано го правиме и многу е едноставно, но ако сакате секогаш да изгледате убаво и средено и тоа да го направите на вистинскиот начин послушајте ги советите на стилистот Антонио Сентено.

Реклама

rn

Што се става во панталоните, а што не?

rnСентено дава неколку насоки во поглед на тоа кога треба кошулата да се стави во панталоните. Кошулите можат на долната страна да имаат рамен или нерамен раб, а тоа ви кажува дали треба да се стават во панталоните. Оние со рамен раб се носат одозгора. Тие не се ставаат во панталоните. Оние со нерамен раб се ставаат. И нив можете да ги носите пуштени врз панталоните, тоа не е грешка, но ви дава помладешки и бунтовен изглед. Ставањето на ваква кошула во панталоните ќе направи да изгледате посредено и позрело.

Што друго може да се стави во панталоните, а што не?rn

    rn011

  • Поло маиците имаат рамен раб и затоа се носат надвор од панталоните. Може да ги ставите и внатре за посериозен изглед.
  • rn011

  • Маичките со V израз се носат врз панталоните, а кога ги носите со сако (блејзер) можете да ги ставите и внатре.
  • rn011

  • Шарените кошули со силни бои кои се наменети за на плажа никогаш не се ставаат во панталоните.
  • rn011

  • Обичните маички не треба да се носат пикнати во панталоните, освен ако со тоа не сакате да изразите некој моден став, но и тогаш многу работи зависат од изгледот на маичката, каишот и панталоните.
  • rn

rn

Кој е правилниот начин да се стави кошулата во панталоните?

rnНајважното што мора да го запомните при ставањето на кошулата во панталоните е линијата по која се поставени копчињата на кошулата да оди по линијата по која оди и патентот на панталоните. Ако внимавате на тоа, ќе бидете чекор поблиску до посакуваниот изглед. Потоа треба да се погрижите таа да не биде стуткана, туку да паѓа рамномерно надолу, и да нема вишок кај стомакот. Доколку кошулата ви е точна нема да имате голем проблем да ја наместите како што треба. Постојат повеќе начини да го сторите тоа.

rn

Метод бр. 1

rnКога ќе ја ставите кошулата во панталоните веднаш над половината кај стомакот ви останува малку вишок од кошулата. Потребно е да се решите од него за да изгледате убаво. Тоа ќе го постигнете така што тој дел ќе го превиткате од страните и ќе го пикнете меѓу кошулата и панталоните. Ако панталоните ви се точни и не ви се лабави, тој дел ќе остане таму.

rn

Метод бр. 2

rnВториот метод е многу сличен со првиот. Разликата меѓу нив е во тоа што овде не ги закопчувате панталоните пред да го свиткате вишокот со прстите. Прво ќе го наместите каде што му е местото, па потоа ги закопчувате панталоните и го стегнувате каишот.

rn

Метод бр. 3

rnТретиот метод е битен доколку носите маица под кошулата. Во таков случај многу е битно маицата да ја ставите во долната облека. Доколку е врз неа, додека се движите таа ќе излезе надвор, а со себе ќе ја повлече и кошулата. Значи, одоздола е маицата, па долната облека, кошулата, па панталоните.

rn

Метод бр. 4

rnНа крај, доколку не ви пречат можете да употребите и посебни трегери со кои кошулата ќе ја закачите за чорапите и таа нема никаде да мрда.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира