Девојки, со овие трикови изгледајте најдобро што можете за првиот сексуален однос со вашиот партнер

Девојки, со овие трикови изгледајте најдобро што можете за првиот сексуален однос со вашиот партнер

Кога треба да имате секс за прв пат во својот живот или пак за прв пат со нов партнер, постои огромен притисок да изгледате секси и неодоливо. Токму затоа погледнете ги следниве неколку начини на кои можете да го заведете вашиот партнер на сосема природен начин…

Девојки, со овие трикови изгледајте најдобро што можете за првиот сексуален однос со вашиот нов партнер

Бидете природни – Момците обожаваат девојки без шминка. Тие едноставно сакаат чист изглед. Но, незнаењето е благослов, па токму затоа суптилната и неутрална шминка може да доведе до многу силен впечаток кај него. Нанесете многу малку маскара и руменило на вашите образи. Вашето тело е веќе совршено во неговите очи, па токму затоа нема потреба да се грижите за сите оние „недостатоци“ кои постојат само во вашата глава.

Модни додатоци – Само затоа што сте голи, не значи дека не можете да носите додатоци. Изберете секси високи потпетици и ѓердан кој завршува точно помеѓу вашите гради.

Положба на телото – Стоите или седете само со исправен грб. Оваа положба на телото ќе предизвика да изгледате витки и ќе делувате како да имате висока самодоверба. Подигнете ја брада со цел да предизвикате вашиот врат да изгледа долго и слабо. Седете во природна положба, со цел вашите гради и задник да изгледаат пополно.

Депилација – Не велиме дека мора да ги отстраните сите влакна на вашето тело, но имајте на ум дека ниту еден маж не сака да губи време барајќи го она што му е потребно во „густа шума“. Запомнете дека сè треба да биде уредно и чисто, па токму затоа не заборавајте да ги отстраните и влакната под пазувите, на рацете, нозете и другите проблематични области.

Маникир и педикир – Верувале или не, поголемиот дел од луѓето имаат фетиши кон стапалата. Токму затоа, доколку вашите раце и нозе се редовно негувани, тој ќе ве доживува како отмена дама. Ниту еден маж не сака да погледне во изгрицкани нокти и излупен лак. Дури и доколку немате време да посетите салон за убавина, погрижете се да најдете барем неколку минути за сами да ги средите ноктите на вашите раце и нозе.

Склекови – Верувале или не, склековите предизвикуваат да се чувствувате добро во својата кожа, но истовремено ги пумпаат и соодветните мускули. Со нивна помош вие ќе ја подобрите вашата самодоверба и ќе ослободите големо количество ендорфини кое понатаму ќе ви биде потребно за забавата помеѓу чаршафите.

Брановидна коса – Знаеме дека сакате да бидете целосно чисти и да мирисате убаво, но не ја мијте вашата коса брзо пред средбата со вашиот партнер. Дозволете ѝ таа да ја заземе својата природна позиција врз вашите рамена така што ќе ја измиете утрото или претходната вечер. Оставете ја природно да се исуши, бидејќи со брановидната коса вие во неговите очи ќе изгледате како секси дива.

Бидете сигурни во себе – Заборавете на сите оние мали неправилности кои не ви се допаѓаат и научете како да го сакате вашето тело и да бидете задоволни од него. Бидете уверени дека изгледате одлично во вашата кожа, бидејќи токму тоа е она што мажите го сметаат за секси кај една жена.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар