Жените постојано покажуваат опседнатост околу овие неколку работи затоа што сметаат дека тие им се многу важни и на мажите, но тие имаат малку поинакво мислење за нив…
rn
1. Прекумерна тежина
rnАко некое момче решило да се гледа со вас тоа е така затоа што сте му убава. Тоа дали вашата телесна тежина според медицинските или манекенските стандарди е прекумерна или не, не е воопшто важно. Или сте му убава таква каква што сте или не.rn
2. Шминка
rnАко не носите маска од шминка која сосема ви ја менува бојата на кожата, повеќето мажи нема ни да забележат дали сте нашминкана или не. И сите го преферираат природниот изглед пред вештачкиот. Ако некој повеќе ве сака кога лицето ви е многу обоено, тогаш сигурно не сте со вистинскиот партнер.rn
3. Кој на кого се пушта
rnДевојките се плашат да им пријдат на момците затоа што се плашат што потоа тие ќе помислат за нив. Не треба да се грижите за тоа затоа што на повеќето мажи може да им биде многу симпатично ако некоја девојка се труди да допре до нивното срце. Ако случајно налетате на некого кој поради тоа ќе има лошо мислење за вас, таквото искуство сметајте го како природна селекција со која ќе ги елиминирате оние кои не ви одговараат.rn
4. Кој на кого прв му се јавува
rnПравилата во врска со тоа кој на кого прв и кога му се јавува се само за во филмовите за да бидат поинтересни или помалку интересни. На момците не им е гајле дали вие ќе бидете таа што ќе се јави прва после состанокот или ќе чекате тој да го стори тоа. Ако е паметен и ако му е дојдено до вас, тоа нема да биде проблем и затоа не треба да се опседнувате со тоа.rn
5. Што јадете кога излегувате заедно
rnВажно му е да не нарачате некое супер скапо јадење кое тој нема да може да го плати, но чувствувајте се слободно да јадете што било и вo која било количина. Не мора да јадете само салата за да покажете дека се грижите за себе.rn
6. Кога тој прави нешто без вас
rnСекој маж со нормален живот сака да прави одредени работи сам или со своите другари и нема потреба да се опседнувате со тоа што тие прават или разговараат кога не сте таму. Тоа не значи дека сака да се оддалечи од вас, туку само сака да ужива во работите кои му причинуваат задоволство.

