15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат

15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат

Хипохондриците навистина живеат под огромен стрес. Тие постојано се грижат за нивното здравје и за нивниот живот. Дури и најмалите секојдневни промени во телото можат да им предизвикаат напад на паника во кој се плашат дека ќе го изгубат својот живот.

15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат

Не е лесно да се биде хипохондрик, но од друга страна пак, никој не го цени животот повеќе од нив. Па, сметате дека и вие сте хипохондрици? Во колку од следниве однесувања и размислувања се пронаоѓате?

1. Вие веднаш му се обраќате на Гугл кога што било чудно ќе почувствувате во вашето тело. Дури и да станува збор за главоболка или пак, болки од циклусот кои ги искусувате со години.

2. Постојано се сомневате во способноста на докторите кои целосно ги игнорираат вашите дијагнози и ви велат дека сте во совршено здравје. Тие се нервираат затоа што д-р Гугл знае повеќе од нив! И сега вие мора да плаќате за нивната несигурност.

3. Никогаш не можете да направите разлика помеѓу вашата мрзливост и симптомите на хроничен умор. Помеѓу нив има тенка линија.

4. Моментот на чиста паника кога ќе сфатите дека сте ги заборавиле дома апчињата за болки. Вие веднаш ги тргате настрана сите планови и трчате до најблиската аптека за да купите. Никогаш не знаете кога може да ве нападне мигрена.

5. Вие имате напад на паника кога некој од вашите пријатели ќе изеде нешто што му паднало на подот. Постои правило кое вели дека доколку е на земја 10 секунди, не е проблем да се јаде. Молам? Дали знаете што зборувате?

15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат

6. Страдањето од мамурлак е кошмар во кој сите се вклучени. Вам ви е скоро премногу страв да пиете за да не претерате и да се задавите со вашата повраќаница во сон. Скоро.

7. Некои луѓе обожаваат забавни паркови, но вие би дале сè за едно возење до машина за магнетна резонанса. И тогаш конечно би можеле да спиете опуштено, бидејќи би знаеле дека сè е во ред со вашиот мозок.

8. Постојано се плашите дека сте останале бремени. Циклусот ви доцни 40 минути? Време е загрижување!

9. Кога некој од вашите колеги ќе дојде болен на работа и со тоа мисли дека е голем херој, вие формирате радиус од 5 метри околу него и околу сите места на кои стоел со цел да не се заразите. Оди си дома човеку полн со бактерии!

10. Сте имале барем 50-тина блиски средби со смртта. Можеби дури и повеќе. Изгледа дека тие едноставно ве наоѓаат. Мачката ве гризнала? Сигурно имате беснило и набрзо ќе умрете.

15 нешта кои само најголемите хипохондрици ќе ги разберат

11. Вие сте преплашени од настинките бидејќи тие ве претвораат во депресивен, лут и патетичен хаос. Да не ја заборавиме и анксиозноста која се појавува во вас поради мислата дека имате нешто посериозно од настинка.

12. Сите ненадејни промени во температурата на вашето тело ви предизвикуваат инстантен страв од најлошото. Сте почувствувале необјаснива топлина во телото? Сигурно сте влегле во менопауза и покрај тоа што имате само 25 години. Ох не, сте стоеле на сонце. Се извинуваме.

13. Вашиот ум има сопствен комплексен начин да ги преведува вашите симптоми. Не е главоболка, мигрена е. Не се гасови, воспалено слепо црево е. Не е болка во грбот, туку откажување на вашите бубрези.

14. Имате бескрајно многу шишенца со гел за дезинфекција на рацете во вашиот дом. И во вашата торба. И во канцеларија. И секаде каде што стапнувате. Бидејќи бактериите се насекаде!

15. Вие постојано го надградувате вашиот тестамент, бидејќи се пашите дека кога-тогаш ќе доживеете трагична несреќа или ќе починете од сериозна болест. Никогаш не се знае.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар