ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)
ТВ серија базирана според вистинска приказна за животот во Америка на една фамилија од Кина
Главни улоги: Констанс Ву, Рандал Парк, Хадсон Јанг, Форест Вилер, Јан Чен
Жанр: комедија
Креатор: Наначка Кан
Премиера: 4 февруари 2015
Број на сезони: 1
Времетраење: 22 минути
Јазик: англиски
Наша оценка: 8
Ваша оценка:
Приказната ни ја раскажува Еди (Хадсон Јанг) кој нè води во 1995 година, кога неговото семејство се преселило од Вашингтон во Орландо, Флорида. Неговиот татко, Луис (Рандал Парк), пред многу години го довел своето семејство во Америка бидејќи имал сон да отвори каубојски ресторан. Овој сон конечно му станал реалност, па токму затоа сега тие се преселуваат во Орландо. Но, изгледа дека не сите се расположени за оваа голема промена.
Луис безрезервно го обожава „американскиот сон“ и прави сè што е во негова моќ за да го живее. Тој дошол тука за подобар живот и планира тоа да го постигне. Од друга страна, колку што Луис го сака американскиот сон, толку неговата жена, Џесика (Констанс Ву), го мрази. Токму тука настануваат несогласувањата кои во овој жанр понекогаш знаат да нè насмеат и до солзи. Нивните деца пак, прават сè што е во нивна моќ да го најдат своето место во училиштето со цел да си го олеснат процесот на прилагодување. Но, не секогаш работите се движат во онаа насока како што тие би сакале…
Оваа ТВ серија е лесна за гледање и бидејќи трае само 20-тина минути, времето покрај неа ќе ви лета. Таа е навистина забавна и смешна, па токму поради тоа може да ви биде одличен избор доколку сакате да се релаксирате по тежок ден на работа. Семејството Хуанг има одлична динамика која прави тие да се издвојуваат од останатите фамилии на малите екрани и токму затоа вреди да им се даде шанса.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.