Интересни Гинисови рекорди

Интересни Гинисови рекорди

Најголем број родени деца – Најголем број на деца родени од една мајка, е рекорд поставен во периодот од 1725 до 1765 година, а него го држи жената на еден руски земјоделец, Фјодор Васиљев. Во тој период таа родила дури 69 деца, од кои 16 пати близнаци, 7 пати тројка, 4 пати четворка и 4 единци. Интересни Гинисови рекордиНајдолг врат – Жените од Мианмар (Бурма) од племето Падаунг, според нивната традиција треба да го издолжуваат вратот со метални прстени. Најдолгиот врат измерен во нивното племе достигнал 40 сантиметри.

Интересни Гинисови рекордиНајмал струкЕтл Греинџер од Кембриџ, Велика Британија во 1939 година го поседувала најтесниот струк, кој изнесувал само 33 см во обем.

Најдолга брада, но на жена – Овој рекорд го држи Џенис Давери од Кентаки, САД која во 1884 година имала брада долга запрепастувачки 36 см.

Најголемо јаболко – Најголемото јаболко во светот е најдено во Јапонија и тежело 1,849 килограми.

Најголем лимон – Најголемиот лимон во светот е најден во Израел и тежел 5,265 килограми.

Интересни Гинисови рекордиНајмногу кивања – Дона Грифитс од Велика Британија почнала да кива на 13 јануари, 1981 година. Во наредните 365 дена кивнала повеќе од 1 милион пати, што во просек би му дошло дека кивала 2.740 пати дневно. Нејзиното кивање непрекинато продолжило и во наредните 614 дена.

Најмногу облечени маици – Џеф ван Дaјк од Белгија облекол 227 маици во исто време.

Најголема пица – Најголемата пица во светот е направена во Краков, Полска. Ја направиле повеќе од 200 готвачи, а била долга неверојатни 1.000 метри.

Најголема Покемон колекција – Лиса Кортни ја поседува најголемата колекција со Покемон предмети. Според Гинисовата книга, таа има 12.113 предмети и не планира да престане да ги собира. Интересни Гинисови рекорди


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар