Како да го сочувате добриот вид?
За да го зачувате добриот вид треба малку да се потрудите. Најважно е да ги применувате советите за заштита на очите од штетните УВ-зраци, да не претерувате со капките кои ви даваат само чувство на привремено олеснување, редовно да ги одморате и да не ги игнорирате сомнителните симптоми кои се појавуваат за да ве потсетат да посетите офталмолог.
Секогаш треба да носите очила за сонце со УВ-заштита
Изложувањето на очите на УВ-зраци ја оштетува рожницата на окото и го зголемува ризикот од настанување на катаракта. Доколку не ги штитите очите, ја зголемувате опасноста да заболите од карцином на очните капаци. Дури и за време на облачни денови, УВ-зраците успеваат да го пронајдат својот пат низ облаците.
Не треба претерано да користите капки за очи
Тие се одлични за повремено отстранување на заморот од очите, но не се трајно решение. Тие ги стеснуваат крвните садови, но воспалението се враќа после неколку часа и крвните садови повторно почнуваат да се шират. Тогаш вашите очи ќе станат поцрвени одошто биле претходно.
Ако имате суви очи, користете вештачки солзи
Но, и со нивната прекумерна употреба можете да ги иритирате очите. Сувите очи се често симптом на проблеми со видот. Ако користите капки за очи повеќе од 4 пати на ден, посоветувајте се со лекар. Што поретко тријте ги очите и користите навлажнувачи за воздух во просториите во кои најчесто седите.
Отстранување на шминката
Жените кои се шминкаат задолжително треба да го гледаат рокот на траење на козметичките производи кои ги користат. Треба да се придржуваат до зададениот рок, бидејќи бајатата шминка е штетна по здравјето на очите и кожата. Пред спиење, задолжително темелно отстранувајте ја шминката.
Немојте предолго да гледате во монитор
Трепкањето ги одржува очите влажни. Но, кога гледате во монитор, трепкате многу поретко од вообичаено. Би требало да трепкате 12-15 пати во минута. Ако тоа не го правите, видот ќе ви се замати, а очите ќе ви се изморат. Секои 10-тина минути погледувајте настрана во најдалечната точка која ви е достапна. На тој начин малку ќе ги одморите очите и ќе го спречите оштетувањето на нивниот вид.
Ако носите леќи, не ставајте ги во уста и не мијте ги со вода
Користете ја само специјалната течност за леќи. Немојте да ги носите леќите додека пливате или се туширате. Важно е и леќите да ви одговараат на очите, како и нежно да ги ставате и отстранувате за да не ја оштетите рожницата и со тоа да создадете погодно место за насобирање бактерии.
Не треба да пушите од многу причини, а видот е една од нив
Пушењето го зголемува ризикот од настанување на катаракта и макуларна дегенерација. Тоа го намалува снабдувањето со кислород и хранливи материи на целото тело, вклучувајќи ги и очите.
Не надевајте се дека болката во очите, матниот вид, црвенилото и чувствителноста на светлина сами ќе исчезнат
Ако сте забележале дека вашиот вид почнува да влијае на квалитетот на вашиот живот, не чекајте бидејќи сигурно нема да самиот да се подобри. Оштетувањето на видот треба соодветно да се третира за да спречите понатамошно оштетување и појава на очни болести.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.