30 нешта кои не ви пречи што ги губите откако ќе влезете во нова врска

30 нешта кои не ви пречи што ги губите откако ќе влезете во нова врска

Одличните врски најчесто не доаѓаат без одредени жртвувања. Кога станувате дел од дуо, вашиот живот природно почнува да се менува. Луѓето постојано зборуваат за сите оние нешта кои се губат откако ќе се влезе во врска, но зошто мора да бидеме негативни? Секако веќе нема да можете да танцувате дома голи или пак, да го набљудувате згодниот сосед преку прозорот, но сите овие нешта се заменуваат со прекрасни доживувања. Токму затоа погледнете ги наредниве 30 нешта кои ги губите кога ќе влезете во нова врска, но кои со сигурност не ви пречи што повеќе ги немате.

30 нешта кои не ви пречи што ги губите откако ќе влезете во нова врска

1. Вашата способност да флертувате со други луѓе. И онака не бевте многу добри во тоа.

2. Долната облека која ја носите за време на циклусот (која одамна требаше некој да ви ја земе!).

3. Стравот кој ќе биде вашиот +1 на следната свадба.

4. Двоумењето во себе. Вие конечно најдовте некој кој ја подобрува вашата самодоверба и ви помага да верува во себе.

5. Шминката. Многу е добро чувството кога се будите и сте целосно вие.

6. Чувството во вашата рака кога тој лежи врз неа. Вие би дале сè за повеќе време да поминувате толку блиску.

7. Бројот од момчето кое ви доставуваше пица. Сега ги поминувате вечерите на нов начин.

8. Чудните први состаноци. Вие и вашиот паричник можете и без нив!

9. Слободното место на креветот до вас. Што е ваше е негово и обратно.

10. Поканата за забавата на далечен пријател. Вие повеќе не чувствувате обврска да присуствувате само затоа што таму би можеле да запознаете слободни момци.

11. Вашиот здрав разум. Заљубувањето со себе носи и чувство како да сте во некоја фантазија. Воопшто не ви пречи да сте заедно на седмо небо.

12. Времето кое го поминувате со вашиот вибратор. Нема дилема, сексот со вашиот дечко е многу подобар!

13. Вашето време за фитнес. Но, наоѓате други начини на кои можете да вежбате…

14. „Бурните“ ноќи кои ги поминувавте во гледање филмови или серии до изгревањето на сонцето.

15. Несигурностите. Вам не ви е потребен маж за да се чувствувате подобро за себе, но сега многу полесно ги поминувате оние денови кога не ви допаѓаат вашите „големи“ раце или насоката во која се движи вашата ужасна работа бидејќи знаете дека постои личност која ве сака онакви какви што навистина сте.

16. Трошење пари на вечера. Дали можеби тоа е причината зошто одеднаш имате заштедено повеќе пари на сметка?

17. Вашите сексуални потиснувања. А вие мислевте дека тие работи се случуваат само во графичките романтични новели…

18. Неколку вишок килограми. Веќе немате потреба да претерувате со алкохолот и да барате утеха во храната бидејќи сте сами.

19. Глупавите драми со пријателите. Повеќе не сте толку нервозни во друштвото на вашите пријатели, бидејќи сега имате личност која навистина ве сослушува кога имате потреба од тоа.

20. Мислите кои ви поминуваат низ глава кога тој вели „Те сакам“. Кому му се потребни зборови кога се чувствувате толку посебно?

21. Сексот за една вечер. Раното будење на непозната територија и надевањето дека нема да го разбудите странецот кој спие на креветот додека се подготвувате да си одите никогаш не било толку забавно.

22. Вашите големи планови да останете дома со огромно количество на чоколадо и да си се жалите за тоа колку ви е ужасно што сте сингл.

23. Празното место за прстен на вашиот прст. Ох, леле!

24. Вашиот страв од обврзување.

25. Постојаното прашање „Кога ќе запознаеш некој?“ од вашата мајка.

26. Возењето сами до дома. Сега имате некој кој секогаш ви прави друштво. И уште поважно, никогаш не ви било позабавно!

27. Вашите предрасуди за другите парови. Да, сега вие сте едни од нив!

28. Вашата омраза кон романтичните филмови.

29. Вашата рутина. Секој ден со него е непредвидлива авантура.

30. Грижите дека цел живот ќе бидете сами. Се надеваме дека никогаш нема да раскинете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар