Како да изгледате секси и на минусни температури?

Сподели

Автор: Зорица Тодорова

Реклама

Тешко е да изгледате привлечно кога од глава до пети сте покриени со слоеви и носите гломазен капут. Но со овие паметни потези, ќе го избегнете ефектот на „мумија“, а вашиот стил на облекување ќе остане запазен.

rn

Избалансирајте го големиот волумен

rnМега големите шалови се вистински тренд оваа зима. Неутрализирајте ја нивната големина со кожно палто и тесни фармерки.

rn

Вметнете топол зимски детаљ

rnВо потоплите денови не мора да носите палто, облечете дебела ролка во црна боја која ќе ја искомбинирате со полукожен-полукрзнен елек и имате одлична алтернатива за здодевниот капут.

rn

Преобразете ги вашите нозе

rnРаскинете им на чизмите за снег без облик – прават да изгледате уште пониски. Освен доколку не се наоѓате во снежна виулица, облечете пар високи кожни чизми кои ги издолжуваат вашите нозе.

rn

Истакнете ја половината

rnДури и во дебело зимско палто повторно можете да ја истакнете вашата половина во облик на песочен часовник – едноставно ставете тенок ремен во свежа боја.

rn

Додадете рокерски акцент

rnИмаме само три збора: ракавици без прсти. Нивниот непослушен, разигран изглед ќе му внесе свежина на вашиот стил многу подобро од обичните плетени ракавици.

Популарно

Може ќе ве интересира