Дивата авантура на еден човек и неговото куче прикажана низ величествени фотографии

Дивата авантура на еден човек и неговото куче прикажана низ величествени фотографии

Моќната и нераскинлива врска на кучињата и луѓето е претставена во фотографиите на илустраторот Џон Штоц, кој на импресивен начин го покажува шармот на природата и пријателството.

Џон го пронашол својот сопатник пред две години во едно прифатилиште за кучиња и оттогаш заедно тргнале во своите диви авантури во недопрената природа на Американскиот континент.

1-Divata-avantura-na-Dzhon-i-Volf-kafepauza.mk

Во текот на авантурата, тие преноќувале во шатор и во комбето со кое патувале. Уживајќи во номадскиот живот, задоволството се пренело и на природниот сјај кој секоја фотографија го поседува. Некои од фотографиите се смешни, некои контемплативни, но не спорно е дека секоја засебно говори за природната убавина и длабоката пријателска врска.

Правото име на кучето е Волфганг, чие скратено име Волф (Волк) одлично се вклопува во темата на фотографиите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар