Фотографиите на оваа мајка се малку поразлични од другите семејни фотографии
Сузан Копик, мајка на две деца, фотографка и актерка од Њујорк, во својата фотосесија насловена како „Семејно блаженство“ (Domestic Bliss), ги руши сите стереотипи на традиционалните семејни фотографии. Таа вметнува доза на црн хумор, што ќе ве натера овие необични семејни фотографии да ги погледнете со отворена уста.
Копик со години го фотографирала своето семејство, но кога ги достигнала средните 40-ти години од својот живот сфатила дека нешто недостасува на сите тие фотографии – нејзините вистински чувства, дури и оние негативните, несфатливите и двосмислените.
Секоја од фотографиите на Сузан се коси со она што е „дозволено“ или во границите на нормалата. Таа вели дека со оваа фотосесија одлучила да биде храбра и да ризикува. Ова со сигурност ќе ги натера сите оние мајки кои пред другите се претставуваат во совршено светло, да си ги признаат моментите на слабост што секој човек ги има.
Погледнете ја контроверзната и нетрадиционална фотосесија на Сузан и нејзиното семејство.