7 факти што не ги знаевте за ангелите на Викторија Сикрет
Ако го гледате модното шоу на Викторија Сикрет секоја година и мислевте дека знаете сè за ангелите, тогаш се лажете. Неодамна Кајли Бајсати, поранешен модел на Викторија Сикрет, прозборе во јавност. Исто така таа ја напиша книгата „Јас не сум ангел“ во која ја раскажува нејзината приказна и причините зошто го прекинала договорот со Викторија Сикрет.
1. Лажна коса
Основната работа што треба да ја знаете за Викторија Сикрет е дека убавата и долга коса на моделите, всушност не е вистинска. Сите модели носат надградба, што Бајсати изјави дека одзема часови додека се стави. Исто така нивната коса постојано се фарба за да изгледа попривлечно.
2. Лажен тен
Скоро сите модели се прскаат со спреј за потемнување пред да излезат на сцената. Со тоа им се намалуваат сите недостатоци што ги имаат. Тие се прскаат од глава до пети што одзема часови додека се нанесе целосно.
3. Вештачки трепки
Скоро сите модели носат вештачки трепки. Бајсати изјавила дека без нив и горенаведените работи не се чувствувала како своја кога ќе излезела на сцена.
4. Многучасовно вежбање
За време на снимањата и подготовките за шоуто моделите одвојуваат по неколку часа за вежбање, што им одзема значителен дел од денот. Тие мораат да го затегнат секој дел од телото и да останат слаби, што може да доведе до сериозна опседнатост со своето тело.
5. Строга диета
Нормално е секој да се храни здраво, но за разлика од нас, на моделите од Викторија Сикрет тренерите им одредуваат кога, што и колку калории ќе внесат.
6. Алкохол пред шоу
Уште нешто што треба да се знае за Викторија Сикрет. Пред да настапат, на моделите им даваат алкохолни пијалаци за да им помогнат да се опуштат и да бидат разиграни на сцена.
7. Фотошопирани слики
Многу од моделите не изгледаат онака како што ние ги гледаме на сликите. Нивните бутови се поделени на половина, струкот им е исечен, а градите двојно зголемени.