Колку милионери има во светот
Доколку се прашувате колку милионери има во светот, одговорот ќе го добиете во зависност од тоа што подразбирате под зборот милионер. Списанието „The Economist“ известува дека постојат два „официјални“ метода кои се користат, за да се дознае колку милионери постојат во светот.
Мултинационалната корпорација за финансиски консултации „Capegemini“, за милионер го дефинира секој оној кој има повеќе од 1 милион американски долари кои во секој момент може некаде да бидат инвестирани. Ова означува сума во која не се вклучува недвижен имот. Според нив во светот постојат околу 10 милиони милионери.
Од друга страна, мега банката „Credit Suisse“ употребува една малку поинаква дефиниција. Според нив милионер е секој чии нето средства надминуваат сума од 1 милион долари. Според овие малку поинаку поставени услови, во светот има 24,2 милиони милионери. Тоа отприлика би значело 0,5% од светското возрасно население или повеќе од целото население на Австралија. Од овие 24,2 милиони милионери, 41% живеат во САД, 10% во Јапонија и 3% во Кина.