Маска за подмладување на вагината
Лиса Палмер ја пронашла маската за подмладување во Источната медицина и вели дека нејзиниот помлад љубовник тврди дека вагината ѝ изгледа како на 25-годишна девојка.
После распаѓањето на нејзиниот брак, 41-годишната Британка Лиса Палмер, со сите сили се трудела да го задржи младешкиот изглед. Еднакво ѝ било важно да има добар изглед на лицето, како и на интимното подрачје. Наместо со хируршки интервенции, посегнала по природните методи и со помош на Источна рецептура ја подмладила вагината за 16 години.
„Жените често го занемаруваат интимното подрачје, мислејќи дека бразилската депилација е доволна. Дури откако почнав да излегувам со помлади мажи сфатив дека работите не изгледаат како порано. Хируршкиот зафат е премногу скап, а домашниот третман е подеднакво ефикасен. Кожата го добива назад својот сјај и се решава проблемот со сувоста на вагината“, напоменува Лиса која има портал за запознавање на постари госпоѓи, т.н. пуми, со помлади љубовници.
Вагиналната сувост често е проблем во менопаузата, кога нивото на половиот хормон естроген природно опаѓа. Тогаш се јавува сувост на вагината која може да предизвика проблеми при половите односи. Освен подготовка на крема за подмладување, таа препорачува и вежби кои се особено корисни после породување.
Потребни состојки:
- 1 лажица кокосово масло
- 1 лажица крема со витамин Е
- 1 лажица мед
- 1 белка од јајце
Кокосовото масло делува антибактериски и ја храни кожата, кремата со витамин Е ги ублажува знаците на стареењето, медот обилува со антиоксиданси кои го успоруваат стареењето, додека белката ја затегнува кожата и го подобрува тонусот на мускулите.
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во микробранова на 20 секунди. Маската треба да биде топла, но не премногу, како не би ја надразнила кожата.
Начин на употреба:
Пред нанесување, кожата на гениталиите треба да биде измиена со топла вода за да се отворат порите, и тогаш мешавината подобро делува. Маската треба да се остави да делува 15 минути и потоа се мие со млаз вода.
Маската треба да се нанесува 7 дена, а потоа еднаш неделно во комбинација со пелвични вежби за затегнување.