Правила за совршен домашен педикир

Правила за совршен домашен педикир

Сувата и испукана кожа на петите е болка на многу жени, особено во летните месеци. Бидејќи стапалата ни се повеќе изложени на надворешни влијанија во овој период, педикирот е нешто што треба почесто да го практикуваме. Но, доколку ова ви претставува голем трошок, со овие неколку совети, совршен педикир можете да си направите и самите дома.

1-pravila-za-sovrshen-domashen-pedikir-kafepauza.mk

1. Киснење во топла вода

За домашен педикир ќе ви бидат потребни:

  • Етерично масло
  • Мирисна шумлива купка
  • Пилинг за стапала
  • Лосион за масажа на стапала
  • Сет за маникир

Доколку имате нанесено лак, најпрво отстранете го од ноктите. Подгответе поголем сад со топла вода, фрлете ја во него мирисната бомба и неколку капки од етеричното масло, најдобро од лаванда, кое ќе ја омекне тврдата кожа на вашите пети и ќе ви ги опушти стапалата.

2. Пилинг на стапалата

По 10 минути, нанесете пилинг на стапалата (ако немате купечки, измешате шеќер, маслиново масло и неколку капки етерично масло). Тоа ќе ви помогне во отстранувањето на пликовите и тврдокорните делови од кожата. Имајте на ум дека оваа постапка морате да ја повторувате барем 3 пати неделно за да ги омекнете наслагите.

3. Сушење на стапалата и сечење нокти

Сега вашите стапала се подготвени за интервенција. Истријте ги со пешкир, почекајте неколку минути и фатете ја грицкалката. Немојте д ги сечете ноктите многу кратко, за да не дојде до нивно зараснување во месото. Со апликаторот отстранете ги насобраните наслаги под ноктот притоа внимавајќи да не отидете предлабоко за да не ги оштетите нервите. Доволно ќе биде да преминете под врвот на ноктите, обрнувајќи внимание на ќошињата, но нежно за да не ги расцветате.

4. Масажа на стапалата

Колку и да ви изгледа непотребно, не го прескокнувајте овој дел од третманот. Масажата ја поттикнува циркулацијата, ги опушта мускулите и ја ублажува болката. Користете масло за масажа на база на нане кое дополнително ќе ја стимулира циркулацијата и ќе им овозможи на стапалата долго време да го задржат свежиот мирис. Масажата започнете ја од петите па полека движете се кон прстите, преминувајќи со кружни потези и вдолж и попреку. Посветете подеднакво внимание на двете стапала.

5. Полирање на ноктите

Користете турпија со различни површини, за почеток ноктите полирајте ги со најгрубата површина, а на крајот секако со најмазната. Преминете со турпијата најмалку по 10 пати на секој нокт. За да избегнете пожолтување на ноктите, втријте бадемово или маслиново масло.

6. Нанесување лак за нокти

Пред нанесување на лакот во омилената боја, ноктите премачкајте ги со базен лак. На овој начин ќе овозможите бојата да се задржи и до една недела.

Бидете подготвени на понатамошни интервенции како корекција на лакот кој во меѓувреме сигурно ќе се излупи, бидејќи летото во отворени сандали и босоногото одење по каменчињата и песокот нема да ги чува заштитени вашите стапала.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар