[message_box title=”Летувајте со Игуана Турс” color=”yellow”]rnrn
rnrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrnМанастирот Фанеромени во Лефкада е еден од најстарите и најзначајните христијански споменици во Грција и единствен на островот во кој сѐ уште живеат монаси.rnrn
rnrnМанастирот Фанеромени се наоѓа на пошумениот рид, на западната страна од градот Лефкада. Од таму има прекрасен поглед на замокот и на целиот град. Точната старост на храмот не е позната, но легендите велат дека датира уште од времето на апостолот Павле.rnrnПред манастирот, на ова место се наоѓал храм посветен на Артемида, во целост изграден од бел мермер. Учениците на апостолот Павле биле испратени на Лефкада да го рашират христијанството, по што еден од нив отишол на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Легендата вели дека тој го погледнал мермерниот храм, клекнал пред него, се помолил и храмот веднаш бил срамнет со земја од невидлива сила.rnrn
rnrnВо годините по овој настан била подигната првата црква на тоа место, посветена на Богородица. Во 332 година, првите монаси пристигнале кај црквата, започнале да градат испоснички ќелии и до ден-денешен таму функционира манастир во кој живеат монаси – единствен од ваков вид на островот.rnrnФанеромени е манастир што денес е отворен за посетители и место каде што барем за миг ќе почувствувате неверојатен мир, опкружен со прекрасна природа и величествен поглед. Токму затоа им препорачуваме на сите оние што ќе летуваат на Лефкада да одвојат неколку часа и да го посетат ова место.rnrn
rnrnПогледнете ја понудата за Лефкадаrnrn[/message_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.















