Што значи кога сонувате одредени места? Плажата е симбол на борба, замокот е прибежиште од проблемите
Местата во соништата треба да се толкуваат во согласност со личните асоцијации, односно личноста која сонувала треба да се запраша на што ја потсетува одредено место или пак дали личи на нешто познато во нејзиниот живот.
Плажа – спој на животот и немирни емоции
Опуштањето на плажа е знак дека доаѓа мирно и спокојно време. Плажата е место каде што земјата (вашиот живот) и водата (вашите чувства) се спојуваат и тоа симболизира пресврт на моменталната ситуација во животот. Ако работите на плажа, ќе посветите многу време работејќи на некој проект.
Замок – симбол на засолниште и пофалби
Означува награди, чест, признанија и пофалби за вашите успеси. Вие сте предодредени да бидете на позиција на моќ, богатство и престиж. Алтернативно, сонот ја покажува вашата желба да побегнете од секојдневните проблеми. Ако сонувате живеење во замок, тоа е знак на вашата потреба за сигурност.
Црква – лични уверувања
Црквата со отворени врати е предзнак на професионален раст и унапредување. Затворената врата е симбол на разочарување или губење пари. Ако сте во црква и ја гледате нејзината внатрешност, веројатно ќе се соочите со мали препреки. Црквата општо во сон симболизира без разлика на моменталните случувања.
Карневал –доживување на светот на детски начин
Ако се видите себеси на карневал, ви недостига хармонија. Карневалот е општо симбол на лаги и измами. Обидете се она што ве мачи да го погледнете од друг агол, не онака како што изгледа. Можно е да ги гледате работите од детска перспектива, со невини очи. Бегство од карневал значи забава.
Планина – предизвик, амбиција и препреки
Планините означуваат големи препреки кои морате да ги совладате. Ако стоите на врв на планина, значи дека сте ги оствариле вашите цели. Алтернативно, планините означуваат поголема свест, знаење и духовна вистина. Искачувањето по планина е знак на неодлучност и амбиција. Ако паѓате, сакате да стигнете набрзина до успех, но и да побегнете од проблемите.
Изгубени во шума – потреба да се разберете себеси
Шетање низ шума означува преодна фаза. Следете го својот инстинкт. Алтернативно, тоа е знак дека сакате поедноставен начин на живот. Ако сте се изгубиле во шума, несвесно сте во потрага по подобро разбирање на себеси. Ако сонувате шумски пожар, можна е трансформација само со голем напор, а вашата лутина е вон контрола.
Зграда – симбол на личноста
Градба во сон обично го претставува телото или личноста на сонувачот. Може да упатува на интелект или разбирање. Ако личноста ја очекува некој бизнис проект, може да сонува непознати простории. Но, богата зграда може да симболизира успех или луксуз. Урнатини може да упатуваат на проблеми во односите.
Хотел – промена во животот
Хотелот означува нова состојба на свеста или промена на идентитетот. Поминувате низ фаза во која сакате да се ослободите од старите навики и стариот начин на размислување. Алтернативно, сонот подразбира губење на личниот идентитет.
Карпа – губење на контролата
Ако стоите на раб на карпа, веројатно во последно време сте постигнале пораст на нивото на разбирање, нова свест и свежа перспектива. Но, воедно ја имате достигнато и критичната точка во својот живот, па се плашите од губење на контролата.
Поле – сакате слобода
Зелено поле во сон е знак на големо изобилство, плодност, слобода и среќа. Оние кои го сонуваат поминуваат низ период на личен раст, а непрегледното поле може да упатува на желба за слобода.
Река – живот, среќа и мир
Ако видите во сон мирна и чиста река, пред вас се среќни случувања. Ако водата е матна и разбранувана, ќе се справувате со недоразбирања и љубомора. Празно корито упатува на болест.
Ходник – преоден период
Одење низ долг ходник означува безизлезна ситуација. Тој симболизира и ситуации кои постојано се повторуваат. Воедно може да биде и знак на преоден период кон подобра состојба.
Тунел – лош предвесник
Тој е знак на неуспех во љубовта и работата. Воз кој ве пресретнува во тунел е знак дека ќе ја промените кариерата или нагло ќе го промените животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.