Филм за пријателството, љубовта и за една луда и незаборавна ергенска забава
rn
Режија: Џон ТартлтабrnrnУлоги: Мајкл Даглас, Роберт Дениро, Морган Фримен, Кевин КлајнrnrnВреметраење: 105 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 1 ноември 2013rnrnЖанр: комедијаrnrnНаша оценка: 8/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn
rnrnrnЗарем еден филм во кој главните улоги ги толкуваат Мајкл Даглас, Роберт Дениро, Морган Фримен и Кевин Клајн би можел да биде лош? Секако дека не. Ова е еден од оние забавни и лесни филмови кои се гледаат во еден здив и кои откако ќе завршат ве оставаат во одлично расположение. Станува збор за 4-ца најдобри пријатели, кои на возраст од 60-тина години решаваат да му приредат ергенска забава на нивниот последен сингл пријател.rnrn
rnrnСе започнува со ненадејното запросување на Били (Мајкл Даглас). Тој за време на погребот на неговиот ментор, без никакво претходно размислување решава да ја запроси својата два пати помлада девојка од него. Таа пресреќна, ја прифаќа понудата и тие решаваат што побрзо да стапат во брак. Били им ги пренесува големите новости на своите пријатели Арчи (Морган Фримен) и Сем (Кевин Клајн) кои веднаш одлучуваат да му ја приредат најдобрата ергенска забава досега. Сѐ што преостанува е само да најдат начин како да го повикаат и нивниот четврт член на дружината, Педи (Роберт Дениро) кој последниве неколку години не е во добар однос со Били.rnrn
rnrnРаботите некако успеваат да тргнат според планот и сите патуваат во Вегас, каде што сфаќаат дека нештата многу се измениле во последниве 30-тина година. Но, тоа нема да ги спречи да се однесуваат како да се многу помлади и токму поради тој договор ќе започне и најлудиот викенд од нивниот живот. rnrnОвој одличен филм во себе носи моќна порака за значењето на пријателството и љубовта. За давањето на втора шанса како и за самиот живот. Но, најважно од сѐ, ќе ви покаже дека без разлика на вашата возраст, доколку сте заедно со вашето друштво вие можете да го освоите и светот.rnrn
rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
