Претходно
Банана сплит со рум
Вкусен и не многу калоричен десерт
Потребни состојки (за 4 порции):
- 2 банани
- ½ лажица путер
- 1 лажица кафеав шеќер
- 2 лажици рум
- 4 големи топчиња сладолед од ванила
- 4 лажици сируп од темно чоколадо
- слатка павлака
- малку јаткасти плодови за декорација
Начин на подготовка:
Загрејте го путерот во тава на оган. Бананите пресечете ги на половина, а потоа надолж. Додајте ги во тавата заедно со кафеавиот шеќер и оставете ги 2 минути да карамелизираат. Потоа тавата тргнете ја од оган и додајте го румот.
Ставете по едно парче од бананите во садови за послужување, прелијте од течноста која останала во тавата и додадете од сладоледот од ванила. На крај украсете со слатка павлака, сируп од темно чоколадо и јаткасти плодови.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.