Неверојатна куќа чиј дизајн е инспириран од пеперутка

Сподели

Имајќи ја на ум замислата на клиентот пеперутки да ја посетуваат оваа област како инспирација, архитектите ја поделиле оваа куќа лоцирана во Калифорнија, на 3 помали павилјони. Секој од овие павилјони има сопствена функција. Централната област вклучува дневен простор, трпезарија и кујна, додека пак другите два павилјони се наменети за спиење, бањање и релаксација. Структурите се скромни во поглед на големината, но сепак секој од нив се проширува во надворешни простории кои овозможуваат драматичен поглед кон кањонот и далечните ридови.

Реклама

Крововите кои личат на пеперутка се неверојатно поетски, но и функционално изработени. Тие го нагласуваат погледот кон околните ридови, го спојуваат внатрешниот простор за живеење со пејзажите и ја собираат водата од дождот. Секој од овие кровови е дизајниран така што ја пренасочува водата од дождот кон фонтана и кон колекција од базени од каде што потоа се употребува за наводнување. Погледнете ги и останатите фотографии од овој несекојдневен дом.


rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира