За 10 години ќе се каете за следниве 10 одлуки

Сподели

„Ех, да се однесував поинаку тогаш…“ е реченица што многумина од нас ја имаат изговорено. За да не дојде до тоа повторно, еве што треба да престанете да си велите на себеси.

Реклама

rn

1. Ќе се сменам за да ги импресионирам другите

rnАко секојдневно се обидувате да го промените вистинското јас, еден ден нема да остане ништо од него. Ако поминувате премногу време размислувајќи за тоа како другите ве доживуваат или ако станувате онакви какви што тие сакаат да бидете, на крајот ќе заборавите кои сте вие самите. Не треба да сте совршени за да ги импресионирате луѓето. Оставете ги да се импресионираат од начинот на кој вие се носите со сопствените несовршености.rn

2. Гајле ми е за моите цели и соништа

rnНајголем предизвик во животот е да се пронајдете себеси. Втор по големина пак, е да сте среќни со она што сте го пронашле. Секако, за да дојдете до тоа треба да останете верни на сопствените цели и соништа, без разлика на тоа што ќе речат другите.

rn

3. Нема шанси да најдам други пријатели

rnИако чувствувате дека пријателите што ги имате ви влијаат негативно, сепак и понатаму продолжувате да се дружите со нив. Не им дозволувајте да се однесуваат така со вас. Кога ќе сфатите дека друштвото е избор, а не должност што треба да ја исполните, ќе почнете да се опкружувате со луѓе што зрачат со трпение, широкоградост и чувствителност, наместо нетрпеливост, алчност и лутина.rn

4. Најубаво да си бидам себичен/на

rnСамо ова е доволно: „Она што го правите само за себе, ќе умре заедно со вас; она што го правите за другите, останува и понатаму да живее“. Луѓето кои сте ги инспирирале и на кои сте им помогнале, ќе ве помнат дури и откако ќе заминете од овој свет. Затоа, правете добри дела и со тоа станете мал дел од вечноста.

rn

5. Секогаш ќе мислам на минатото

rnАко сакате да го знаете минатото, погледнете ја сегашноста. Ако сакате да ја дознаете иднината, повторно погледнете ја сегашноста. Мора да заборавите на она што минало, за да одите напред. Што побргу го сфатите ова, толку побрзо ќе напредувате.rn

6. Премногу е тешко, ќе се откажам

rnНема неуспеси, туку само резултати. Дури и работите да не се одвиваат онака како што вие сте си замислиле, не се обесхрабрувајте. Увидете колку сте способни и давајте сѐ од себе. Оној кој со бавни чекори напредува, на крајот победува. Успехот не доаѓа наеднаш. Потребни се многу мали чекори, одлуки, дејствувања за да се изгради огромен триумф.

rn

7. Морам сѐ да испланирам

rnПонекогаш треба да се опуштите и едноставно да оставите животот да се тече. Не мора секогаш да знаете каде одите, за нешто да излезе одлично. Сѐ во животот има совршен ред, иако можеби сега не сте свесни за тоа. Само потребно е време и трпение.rn

8. Ќе се задоволам со помалку од она што го заслужувам

rnБидете доволно мудри да можете да го дочекате она што го заслужувате. Не се задоволувајте со помалку и бидете свесни колку вредите.

rn

9. Од утре, ќе почнам да…

rnНемате толку многу време како што си замислувате. Еден ден ќе се разбудите и ќе сфатите дека веќе немате време за сето она што сте сакале да го направите. Затоа, престанете со изговори и уште денес почнете со остварување на зацртаните цели и желби.rn

10. Сакам, но ме мрзи

rnПрестанете само да седите и посакувате. Почнете да дејствувате. Преземете контрола и одговорност врз сопствениот живот. На светот му требаат луѓе како вас.rn
rn


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира