КАФЕ ПАУЗА

Трикови со кои продавачите се служат за да нѐ натераат да купуваме повеќе

Експертите за маркетинг, користејќи напредни техники за следење на активацијата на одредени делови во мозочната кора, како и брзината на дишење, отчукувањата на срцето, движењето на телото и потењето, утврдиле дека скоро сите потрошувачи слично реагираат кога се изненадени, воодушевени или разочарани.rnrnОбјаснувањето за тоа се наоѓа во нашиот анимален инстинкт, потсвеста и емоциите, кои честопати го надвладуваат разумот, па во склад со тоа понекогаш одлучуваме и непромислено.rnrn(1) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrnrnВаквите истражувања од една страна им помагаат на компаниите да продадат повеќе производи, но исто така им помагаат и на купувачите подобро да го разберат своето однесување и моментот кога мозокот им соопштува „купи го ова, а не нешто друго“.rn

Големина

rnПроизводителите на облека често означуваат со помали броеви за да мислиме дека можеме да влеземе во помала големина и заради тоа сме среќни што купуваме.rnrn(2) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

Колички

rnОд големината на количките за пазарење зависи колку ќе купиме, па така ако се поголеми, подложни сме да купиме за 37% повеќе.rn

Мириси

rnАромите се подеднакво важни. Благодарение на нив, на купувачите им се отвора апетитот, поттикнувајќи поголема потрошувачка на прехранбени продукти.rnrnМирисите кои нѐ потсетуваат на детството и придонесуваат за создавање чувство на сигурност, ги зголемуваат шансите за купување или за трошење пари.rnrn(3) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

Музика

rnДури 76% од американите купувачи на прехранбени продукти одлучуваат што ќе купат во продавница, без разлика на претходно подготвената листа, а експертите објаснуваат дека тоа е така бидејќи вниманието им го одвлекуваат и другите производи на рафтовите. И музиката влијае на купувачите. Што погласна, тоа повеќе купувачот ја губи самоконтролата, со што се зголемуваат шансите за импулсивно купување.rn

Осветлување

rnДали некогаш сте се запрашале зошто овошјето и зеленчукот се секогаш во близина на влезните врати на големите маркети? Тоа е бидејќи тие изгледаат поздраво и посвежо на природно светло. На одделот за долна облека пак, осветлувањето е послабо отколку во останатиот дел од продавницата за да се добие чувство на интимна атмосфера.rnrn(4) trikovi-so-koi-prodavachite-se-sluzhat-za-da-nѐ-nateraat-da-kupuvame-povekje-kafepauza.mkrn

Време

rnТрговците исто така често се обидуваат да ве задржат што подолго во продавницата, а овој метод особено го практикуваат продавачите на мебел. Штом влезете во нивниот лавиринт од прекрасно дизајниран изложбен мебел, лесно ќе бидете убедени, покрај со ламба, од продавницата да излезете и со нови завеси.rn

Мирис на кокос

rnЗаради мирисот на кокос може да се почувствувате како да сте на плажа, па дури и ако не ви треба, ќе посегнете по нов костим за капење.rnrnWomen in boutique.rn

Само пробајте…

rnПрезентациите на кои имате можност да го пробате производот ви даваат прилика да го „запознаете“, а така многу полесно ќе се одлучувате и за купување.rnrnДобра вест е што сепак можеме да го излажеме мозокот и да купуваме помалку. Тоа ќе го постигнеме доколку ја промениме свеста за тоа што би претставувало вистинска добивка за нас.rnrnИстражувањата покажуваат и дека постои поврзаност помеѓу коефициентот на интелигенција и способноста за одложување на некое пријатно искуство, па така попаметните луѓе можат подобро да го контролираат купувачкиот нагон.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.