Водолија и овен – љубовна комбинација
Љубовниот пар сочинет од партнери со хороскопски знаци водолија и овен е многу креативен и оригинален, како резултат на одличната визија која ја поседува водолијата и енергичноста на овенот. Оваа врска е сè само не статична. Партнерите имаат тенденција постојано меѓусебно да се натпреваруваат, поради што никогаш не може да им здодее еден од друг. Овенот и водолијата се пред сè многу добри другари, бидејќи умеат одлично да комуницираат.Овие два знака имаат посебна конекција. Секој од нив има големо разбирање за идеалите и ентузијастичкиот поглед кон животот на партнерот. И двајцата се во вечна потрага по нови возбудливи животни искуства кои ќе им го покачуваат адреналинот – колку се истите пооткачени и поневообичаени, толку подобро. Двата знака ја сакаат возбудата и сакаат да се перчат.
Повеќето љубовни парови сочинети од водолија и овен, се базирани на меѓусебна почит и восхит. На овенот му се допаѓа уникатноста која ја има во себе водолијата, како и нејзината креативна визија. Водолијата пак, ги обожава иницијативноста, енергичноста и живоста кои ги поседува овенот – самата таа има одлични идеи, но понекогаш има проблем да ги спроведе на дело.
Со оглед на фактот дека двата знака високо ја ценат независноста, тенденцијата на овенот кон посесивност во врската, може да ја направи водолијата да стане резервирана, повлечена и рамнодушна, што е нејзина тактика за самозаштита. И покрај тоа што овие два хороскопски знака имаат неверојатна конекција, тие имаат сосема различни погледи кон светот и тоа тие мораат да го сфатат и прифатат. Водолијата може да смета дека овенот премногу и се меша во одлуките според нејзин вкус, а овенот пак може да ја смета водолијата за премногу непредвидлива во нејзините постапки. По се изгледа водолијата е единствениот хороскопски знак кој го победува овенот кога станува збор за спонтаност. Сè додека двата партнери ја вреднуваат нивната врска и се трудат да ја одржуваат цврста, таква и ќе биде.
Овенот е предводен од планетата Марс (страст), а водолијата е управувана од планетите Сатурн (карма) и Уран (бунт). Водолијата ја има својата голема, прогресивна визионерска особина, благодарение на влијанието на Уран, а нејзината морална свест и човекољубие од Сатурн. Марс пак од своја страна, е одличен додаток на овие две планети – внесува страст и желба за акција во идеалите и благородните мисли на водолијата.
Овенот и помага на водолијата да напредува, а водолијата му помага на овенот да смислува оригинални идеи и да ги реализира. Водолијата интелектуално го стимулира овенот, нешто што повеќето други хороскопски знаци не успеваат да го сторат. Овенот за возврат и ја потхранува самодовербата на водолијата да ги презема предизвиците кои и се испречуваат на патот, наместо само да седи и да се труди да смислува нови идеи. Од друга страна, водолијата може да му помогне на овенот да се стабилизира и да ги комплетира зацртаните планови, наместо да скока од еден на друг, пред да ги реализира старите. Двата знака имаат широк спектар на интереси, па ментално активната водолија во комбинација со физички активниот овен, без сомнение ќе уживаат во многу заеднички авантури.
Овие два знака имаат огромна почит и високо мислење еден за друг, што им помага да ги надминат сите евентуални пречки во нивната врска. Најдобриот аспект од оваа љубовна комбинација е способноста на овие два знака да успеат да реализираат сè што ќе наумат, кога работат заеднички кон остварување на некаква цел. Нивната врска е истовремено визионерска и практична, што и дава една уникатност и сеопфатност.
А за водолија надворешен изглед?
http://www.kafepauza.mk/astrologija/astroloshki-profil-na-rodenite-vo-znakot-vodolija/
Rak i vodolija ???
vodolija i vodolija
vodolija i devica ve molam :))) inaku prekrasni ste, mnogu vi e precizen horoskopot 😀
a za nadvoreshen izgled na vodolijata,pa za site drugji znaci imashe i nadvoreshen izgled,t.e.ne za site za nekoku demek ne znam do kraj
taka e!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!1
mislam deka stvarno ne e fer da ne napisete za nadvoresniot izgled na vodolijata..a za skorpija i vaga (pa i devica mislam )da i gi ima tie statii.. ne me razocaruvajte….bas vi e top sajtov.ama toa ke vi bide golem gubitok od starana na mnogu vodolii sto go citaat sajtov i ja ochekuvaat taa statija.
🙂 Чим има толкав интерес, ќе има уште еден текст за тоа какви се водолиите. Поздрав до сите упорни водолии
Oven i lav 🙂
100% вистинаааааа
Секоја чест на тој што може слободно да го каже ова без да се плаши да згреши
Јас сум Овен, а девојка ми е Водолија. Сето она што е напишано во текстов е тотална вистина, без разлика дали се работи за оригинално претставување на овие два хороскопски знаци или нешто измислено. Дури некој и да си го измислил ова, пак го погодил од почеток до крај. Секоја чест за текстов!