Женскиот мозок се фокусира на детали, машкиот не баш толку. Не дека не им е грижа, туку едноставно не ги забележуваат сите тие ситници кои за нас се од клучна важност. Ова се 10 работи кои мажите најчесто не ги забележуваат кај жените, и кои неретко се причинители за многу кавги.
rn
1. Нова торба
rnИма иста функција како старата, ја преполнуваш со куп работи кои главно не ти се потребни, само е во различна боја.rn
2. Избричени/неизбричени нозе
rnОсвен ако не наликуваат на обрасната шума, чудо големо ако има по некое влакненце.rn
3. Нови свеќи
rnЖенската способност да се забележуваат детали, мириси и нијанси, мажите генерално не ја поседуваат. Воопшто не им прави разлика дали свеќата мириса на ванила или јагода, дали е истата од претходната недела или не. На крајот на краиштата, свеќа си е свеќа.rn
4. Нови чевли
rnРетко кога ќе забележат ако не им кажете сами, факт е дека ретко кога гледаат под колената.rn
5. Целулит
rnЖените се замараат со целулитот на бутовите – мажите уживаат во облините.rn
6. Нова фризура
rnОсвен ако не кажете сами, или не се појавите ќелави, не очекувајте да забележат дека сте скратиле пола сантиметар од должината на косата. Така што, нема потреба да врескате дека ништо не забележуваат.rn
7. Нова нијанса на кармин
rnСпоред нив твојот кармин е црвен, исто како што беше и тој вчера, нема разлика меѓу светло црвен, или вино боја или црвеникаво–розова…rn
8. Нови фармерки
rnФармерки си се фармерки, и тие супер го истакнуваат задникот, крај на муабетот.rn
9. Нови декорации или промена во собата
rnЗабележуваш нешто ново? Не, ќе ми кажеш што е новото, па да избегнеме кавга од половина саат дека ништо не забележувам?rn
10. Нова долна облека
rnНе дека нема да ја забележат, но нема да имаат време да искоментираат, така што нема потреба од лутење.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

