КАФЕ ПАУЗА

Божиќни филмови за празнично уживање со најмалите

Written by

in

,

Празниците се можност да поминете време со најблиските и целосно да ѝ се препуштите на еуфоријата. Оваа листа со празнични филмови ќе ви помогне да создадете пријатна божиќна атмосфера во која ќе ужива целото семејство.rn

1. Божиќната песна на мапетите (The Muppet Christmas Carol), 1992

rn(Трејлер) Познатата приказна на неповторливиот Чарлс Дикенс доживеа повеќе филмски адаптации, но онаа со мапетите е просто незаборавна и одлична во секој поглед. Скруч е скржав, надмен, намќор и арогантен човек кој нема љубов за никого, светот го гледа низ призмата на парите, не знае да ги дарува сиромасите и не го чувствува божиќниот дух. Но една година пред Божиќ многу нешта ќе се сменат откако тој ќе добие многу важна лекција за животот. Не пропуштајте овој филм да го погледнете со најмладите членови на вашето семејство. Не само што сите ќе се забавувате туку ќе извлечете и многу важни поуки. rnrnБожиќни филмови за одлична празнична атмосфераrn

2. Божиќен подарок (Jingle All the Way), 1996

rn(Трејлер) Овој пат Арнолд Шварценегер го гледаме во сосема поинакво издание – семеен човек кој ѝ се препушта на божиќната треска. Тој станува дел од реката луѓе кои ги поплавуваат маркетите со цел да ги најдат најдобрите подароци за своите најблиски. Она што неговиот син го сака за Божиќ е фигура од акциониот херој Турбо Мен, и тој е одлучен дека ќе го купи, макар и тоа да значи дека ќе мора да се бори против Дедо Мраз вооружен со шеќерно бастунче. Интересна семејна комедија со лесна содржина и случки кои ќе ве насмеат до солзи. rnrnБожиќни филмови за одлична празнична атмосфераrn

3. Елф (Elf), 2003

rn(Трејлер) Бади уште како бебе е однесен на Северниот Пол и е израснат меѓу џиџињата. Но како што расте сè повеќе се забележува колку е различен не само од неговите врсници, туку и од сите тамошни жители – тој не е џуџе. Затоа го испраќаат во Њујорк, за да може да ги запознае оние од неговиот вид и да живее како нив. Но со какви згоди и незгоди ќе се соочи Бади при таа голема промена? Останува на вам и вашите деца да откриете како тој ќе се снајде во големиот град. rnrnБожиќни филмови за одлична празнична атмосфераrn

4. Дедо Мраз (The Santa Clause), 1994

rn(Трејлер) Скот е разведен татко кој сака да ја мине бадниковата вечер со својот син Чарли. Тој пробува да го убеди својот син во постоењето на Дедо Мраз иако самиот тој не верува. Но нешто сосем неочекувано се случува таа вечер што ќе го примора Скот да биде во улога на Дедо Мраз. Во текот на наредната година тој се здебелува, не може да ја скроти својата брада која упорно расте колку и да се бричи и сè повеќе наликува на Дедо Мраз. Навистина добар божиќен семеен филм со малку фантазија, кој ќе ве поттикне да верувате во божиќната магија. rnrnБожиќни филмови за одлична празнична атмосфера rnrnПогледнете уште предлог-божиќни филмови.rn
rn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.