Најпосетените места за оваа година според чекирањата на Фејсбук

Сподели

Составен дел од секое туристичко патување, покрај фотографирање на најпознатите локации, е и чекирањето на социјалните мрежи, особено на Фејсбук.

Реклама

Фејсбук направи листа според нивите статистики и ги прикажа најпосетените 25 места според чекирањата. Ќе останете изненадени од некои интересни податоци, како тој дека Ајфеловата кула не е најпосетувано место во Париз, туку дека прво место е Дизниленд или дека во Лондон најпосетено место е „O2“ арената.

Следува целокупната листа на локации, прикажани по неправилен редослед, а не според бројот на посети.

Австралија: Стадионот „Melbourne Cricket Ground“, Мелбурн

Франција: Дизниленд, Париз

Индија: Златниот Храм, Амрицар

Аргентина: Пуерто Мадеро, Буенос Ајрес

Бразил: Паркот Ибирапуера, Сао Паоло

Германија: Квартот Репербан, Хамбург

Египет: Шарм ел Шејк

Хонгконг: Дизниленд

Исланд: Сината Лагуна, Рејкјавик

Турција: Плоштадот Таксим, Истанбул

Италија: Плоштадот Свети Марко, Венеција

Јапонија: Дизниленд, Токио

Јужноафриканска Република: Крајбрежјето Викторија и Алфред, Кејптаун

Канада: Арената „Rogers“, Ванкувер

Мексико: Салата „Auditorio Nacional“, Мексико Сити

Нигерија: ИКЕА, Лагос

Полска: Temat Rzeka, Варшава

Шведска: Арената „Friends“, Солна

Јужна Кореја: Улицата Мендон, Сеул

Русија: Паркот Горки, Москва

Обединетото Кралство: Арената „O2“, Лондон

Сингапур: Хотелот „Marina Bay Sands“

САД: Дизниленд, Калифорнија

Шпанија: Улицата Ла Рамбла, Барселона

Тајван: Цветната градина Таинан, Таинан

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

Популарно

Може ќе ве интересира