Автор: Страхил Тодоров
Јас седев на терасата од викендицата,rnсо прекрстени нозе ја рушев монотонијата на просторот…rnТвоето име беше дел од телефонскиот именик,rnи со фотографијата од тебе,rnлево од бројот и личните деталиrnзначеше само технолошко достигнување,rnи дотогаш ништо повеќе.rnДодека столетната врба, на чие стеблоrnбеа изгравирани две имиња од различен род,rnпреку летното шумолење ме молешеrnда ја одгатнам откриената тајна, вистината за нас,rnјас, започнав да ја плетамrnисторијата на една судбина,rnна едно внатрешно чувство,rnна една фотографија од телефонскиот именик.rnТогаш бев своевиден инспектор,rnактивен слушател на пасивниот исказ -rnвербален цртеж на твојата хемија,rnчија формула завладеа со мојот ум.rnИспитаникот го слушав енергично,rnнебаре сум создавач на човечката концентрацијаrnкоја ми помогна да восприемам сè што ми требаше,rnсè што беше до тебе, со тебе, во тебе…rnПо природа, верував во чуда,rnмечтаев да откријам нова планета.rnСе трудев да се убедам самиот себесиrnво тој момент на предизвик,rnда го наградам моето тажно егоrnсо зрак на можна судбинска надеж.rnБев подготвен да се соочам со тебе,rnсо вистината од фотографијата,rnсо едноставноста на цифрите од бројот,rnсо комплексноста на твоето име лесно за запомнување.rnБев сигурен дека вистинската ТИ,rnнекогаш, некаде, пред некого, а најдобро пред менеrnќе се појавиш таква каква што беше во сонот -rnневиното човечко суштествоrnчија фотографија беше во телефонскиот именик.

