Како да ја негувате косата во студените денови?

Како да ја негувате косата во студените денови?

Покрај добро познатите оштетувачи на косата како феновите, фарбите, пеглите и слично, на нејзиното здравје и изглед многу влијаат и временските услови. Сонцето е позната и сериозна закана за состојбата на влакното, но исто така и студеното време. Сувиот студ ја суши косата и го расипува целокупниот изглед.

Но, со оваа природна маска од авокадо ќе ја направите вашата коса мека и мазна, а ќе ви помогне и да го зацврстите влакното, како и да го забрзате растот. Дополнително, таа ќе го превенира кршењето и сушењето на косата. И, згора на сè, благодарение на маслиновото масло ќе добиете сјај, а медот ќе ви ја даде потребната влажност.

Како да ја негувате косата во студените денови?

Потребни состојки:

  • 1 авокадо
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 лажици мед

Како да ја негувате косата во студените денови?

Пресечете го авокадото на парчиња и со виљушка изгмечете го. Потоа ставете го во блендер и додадете ги останатите две состојки. Блендирајте.

Потоа нанесете ја смесата подеднакво на целата коса, дигнете ја во пунџичка и покријте ја со капа за туширање. Оставете ја да седи 45 минути. Потоа измијте ја. Готово. Вашата коса ќе биде забележливо помека, помазна и заштитена од влијанијата на студеното време.

Авокадото кај нас не е толку достапно и евтино, но доколку сте во можност, направете ја оваа маска за заштита и нега на вашата коса, барем кога ќе биде најстудено.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар