Претходно
Шокантни факти за човечкото тело
Датум: 22 окт 2013
Коментари: 0
Човечкото тело има неверојатно комплексен состав и наспроти долгата медицинска историја, и понатаму ги изненадува научниците ширум светот. Со оглед на тоа, не изненадува фактот дека во нашето тело постои огромна низа занимливости, кои не се баш познати во секојдневието.
- Мозокот е поактивен навечер отколку преку ден, а научниците сè уште не ја знаат причината за тоа.
- Колку имате повисок коефициент на интелигенција, толку почесто сонувате.
- Косата расте побрзо од кои било други влакна на телото.
- Нокотот на средниот прст расте побрзо од останатите нокти.
- Ноктите на рацете растат и до четири пати побрзо во однос на ноктите на нозете.
- Векот на постоење на едно влакно, е просечно од 3 до 7 години.
- Киселината којашто се наоѓа во желудникот е доволно силна за да разгради мали парчиња метал како што се жилетот или спојувалкатa, но не може да го уништи и самиот желудник, бидејќи тој непрестајно се обновува.
- Срцето на жените чука побрзо од срцето на мажите.
- Жените се раѓаат со подобро сетило за мирис од мажите и тоа останува така до крајот на животот.
- Мажите почесто икаат од жените.
- Мажите во просек имаат 6-8 литри крв во нивното тело, а жените околу 5 литри.
- Најголема клетка во човечкото тело е јајце-клетката, а најмала е сперматозоидот.
- Во текот на животот, човекот произведува доволно плунка за да наполни два базена.
- Сите бебиња се раѓаат со сини очи. Меланинот во нивните очи во тој момент не е потполно наталожен. Бојата на очите се менува во првата година од животот.
- Мажите во текот на сонот имаат ерекција на секој час или час и половина. Протокот на крв и производството на тестостерон предизвикуваат ерекција во текот на сонот и тоа е неопходен дел од фазата РЕМ.
- Откако ќе се прејадеме, послабо слушаме.
- Да не можеше плунката да се раствора и меша со храната, немаше да можеме да го почувствуваме вкусот на храната.
- Бучавата предизвикува ширење на зениците. Дури и најмала бучава може да го предизвика тоа.
- Секој човек има уникатен мирис, отпечаток на прст и отпечаток на јазик. Единствено, идентичните близнаци имаат ист мирис.
- До 60-тата година од животот повеќето луѓе губат околу половина од рецепторите за вкус во непцата.
- Наутро сме околу 1 см повисоки отколку навечер.
- Најсилен мускул на човечкото тело е јазикот.
- Најсилна коска на човечкото тело е вилицата.
- Луѓето ја менуваат кожата на секои 27 дена.
- Секоја минута во човечкото тело умираат околу 300 милиони клетки, а секојдневно се создаваат и исто толку нови.
- Спиењето во ладна просторија ги намалува шансите за сонување кошмар.
- Луѓето се единствен вид кој испушта солзи поради емоции.
- Сите бебиња кога се раѓаат се далтонисти, па едно време светот околу нив го гледаат во црно-бела варијанта.
- Потребни се 6 месеци за еден нокот да порасне од коренот до врвот на прстот.
- Единствениот дел од човечкото тело на кое не му е потребна крв е рожницата во окото. Го добива својот кислород директно од воздухот.
- За само 30 минути, телото на еден просечен човек произведува доволно топлина со која може да се зовријат 1,9 литри вода.
- На вашите бели дробови им е потребен голем простор за дишење. Целата површина на белите дробови е приближно голема колку едно тениско игралиште.
- Клетките во човечкиот мозок можат да зачуваат од 3 до 1000 терабајти информации. Националната архива на Британија, во која се чува историјата од 900 години, зафаќа само 70 терабајти.