Марина Добрева е стилист, моден претприемач, која живее и работи во Њујорк. Покрај стилските совети, се занимава и со преуредување на плакарите на своите клиенти, преку додавање, реорганизирање или пак исфрлање на некои парчиња облека. Прочитајте кои се нејзините генерални совети за тоа кои работи една жена треба веднаш да ги исфрли од плакарот.
rn
Излитена црна облека
rnВеднаш исфрлете ги црните излитени џемпери, маици, и кардигани. Купувајте волнени кардигани и џемпери, затоа што не избледуваат како памучните и траат подолго.
rn
Смалени џемпери
rnМногу често во плакарот ги оставате смалените џемперчиња, мислејќи дека сепак ќе се вклопат во некоја комбинација. Но, реалноста е дека веќе не изгледаат убаво и само непотребно зафаќаат простор.
rn
Припиени маици
rnПрипиените маици не изгледаат природно и убаво на никого. Купувајте пошироки модели, како оваа десно на сликата подолу.
rn
Стари балетанки
rnОвие треба веднаш да се фрлат! Колку и да сте ги платиле, кој бренд и да се, ако се износени, време е да се збогувате со нив и така да спасите многу убави комбинации. Заменете ги со нови и неизносени за подобар целокупен изглед.
rn
Војнички панталони
rnПанталоните со толку многу џебови се едноставно премногу тешки и воопшто не им прилегаат на дамите.
rn
Избледени тексас фармерки
rnПрепорачливо е да се купуваат фармерки од потемен тексас. Исфрлете ги избледените парчиња облека и во иднина купувајте фармерки со потемен тексас, како овие десно на сликата подолу.
rn
Црни чевли
rnАко ви требаат чевли кои ќе ви одговараат со сè, подобро купете си некои со кожа боја. Визуелно ќе ви ги издолжат нозете, а и поубаво ќе одговараат со секоја комбинација.
Доколку ви се допаднаа советите и сметате дека ви беа корисни, погледнете ја и официјалната страна на Марина Добрева, каде ќе најдете уште многу интересни информации.

