Доколку сте љубители на „направи сам“ туторијали, овој може навистина да ви се допадне. Чашите не се скапи да ги купите од продавница, но ако сакате да бидете креативни и да направите уникатни чаши од пивски брендирани шишиња, оваа задача би ви била интересна.
Убаво е да користите шишиња со потенко стакло и да изберете такви кои се дизајнирани директно на стаклото, а не на леплива хартија. Треба да бидете претпазливи кога ќе го изведувате процесот бидејќи ќе работите со заплива течност, но на скала од 1 до 10, би рекле дека овој туторијал има оценка 5 за степенот на опасност.
Можете да работите сами, но подобро би било ако сте двајца заради помагање.
rn
Потребно:
rn
- rn011
- Празни, чисти, отворени стаклени шишиња со тенко стакло
- 100% ацетон
- Волница
- Шмиргла
- Запалка
- Мијалник наполнет со студена вода
- Натопена крпа со вода во случај на незгода
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn011
rn
rn
Инструкции:
rn1. Земете парче волница и замотајте го неколку пати околу делот од шишето каде што сакате да биде врвот на чашата. Прицврстете го убаво и потоа извадете го лизгајќи го нагоре.
2. Потопете го во ацетонот и оставете го 20-30 секунди. Потоа вратете го на шишето. Наместете го убаво, гледајте да биде право поставено бидејќи од ова зависи ефектот на чашата.
3. Свртете го шишето хоризонтално. Запалете ја волницата кај чворчето и постојано вртете за да се загрева шишето подеднакво од сите страни.
4. На крајот потопете го шишето во мраз ладната вода и горното парче ќе отпадне самото.
5. Сега земете шмиргла и убаво измазнете го работ за да ја направите чашата така да може од неа да се пие. Покрај од горе, шмирглајте и од внатре.
Овој туторијал можете да го примените за да правите чаши од разни шишиња, а може да се примени и за правење вазни. Можеби првиот обид нема да ви биде најдобар, но колку повеќе шишиња ќе прилагодите, толку подобри ќе стануваат вашите чаши.

