Претходно
Модерни шешири за ова лето
Ова лето, шеширите се аксесоар кој морате да го имате и кој ќе ви помогне да изгледате средено и тренди.Шеширите се многу практичен моден додаток, особено во летните месеци во годината. Тие се незаменлив дел од секоја комбинација за на море и плажа, но и за во град. Не само што ќе ве заштитат од силното сонце, туку ќе ви помогнат да изгледате одлично. Можете да ги комбинирате со различен стил на облека, зависно од моделот кој ќе го одберете.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.