Замислете, чекате автобус, здодевно ви е, 57-цата пак доцни и тогаш на рекламното пано пред вас се појавувате во фотошопирана верзија, поставени во некоја интересна сцена. Тотално неочекувано и возбудливо, нели?rnrnОваа кампања, која потсетува на комбинација од Скриена камера и Невозможна мисија, се снимала во Стокхолм, Шведска, како најава за настанот Adobe Creative Days, кој ќе се случи на 11 јуни во нордискиот регион.
Погледнете ги бесценетите реакции на луѓето кои биле тајно фотографирани и потоа фотошопирани, во моментот кога ќе се видат себеси наместо рекламата на билбордот отспротива.rn
rnШеговитата акција е дел од т.н. „улично ретуширање“ од Адоби во која мајсторот зад креациите е вештиот Фотошоп-експерт Ерик Јохансон.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
