Потрага по скриено богатство како роденденски подарок
Човекот кој на Редит е потпишан како crujones43 е татко кој за единаесеттиот роденден на својот син Броди наместо обичен подарок одлучил да му подари авантура. Сокрил пари кај едно дрво во парк, а потоа на синот му подметнал мапа. Малиот авантурист веднаш се впуштил во истражување, без да знае дека добива преубав роденденски подарок.
Таткото го документирал целиот настан. Неговите фотографии ќе ви го пренесат настанот чекор по чекор.

Ставил парички во метална кутија која потоа ја сокрил.

Во цевка ставил мапа до кутијата…

…за која на синот му рекол дека му паднала во решетката од греењето и дека тој не можел да ја дофати.

Броди се нафатил да му помогне…

…и ја пронашол мапата.

Вака изгледала мапата. Таткото на неа го напишал името на една од улиците крај паркот за Броди да ја најде на Гугл Мапс.

Броди веднаш сфатил каде треба да оди.

Сфатил дека треба да пронајде уште една трага под некој мост.

Бргу го пронашол мостот…

…а потоа и трагата.

Пронашол уште една цевка.

Овој пат во неа имало дополнување на мапата.

Двете заедно давале појасна слика за локацијата на скриеното богатство.

Не му требало многу време за да сфати каде треба да продолжи…

…и продолжил да трага…

…да трага.

Се доближувал сè повеќе и повеќе.

Наидувал на пречки…

…но ги преминувал.

Потоа со помош на компасот…

…и на мапата сфатил каде треба да копа.

Копал…

…и пронашол заклучена кутија.

Но, таму се криела уште една последна трага.

Тоа била комбинацијата која е потребна за да се отклучи кутијата.

Тогаш веќе било полесно.

Броди конечно го пронашол скриеното богатство…

…и силно го прегрнал татко му поради прекрасниот подарок за роденден.

На крај на раат си го избројал богатството од 63 долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.