Здравствените придобивки од зелениот чај на сите ни се добро познати. Но, дали знаете колку тој може да придонесе за вашата убавина?
rn
1. Ефект на антистареење
rnЗелениот чај изобилува со антиоксиданси кои го забрзуваат процесот на обновување на ќелиите на кожата. Како резултат на тоа вашата кожа ќе изгледа помладо и поцврсто од претходно. Овој чај ја забавува појавата на брчки и ги елиминира темните дамки од кожата.rn
2. Заштита од акни
rnАкните често настануваат поради токсините кои се наоѓаат под површината на кожата. Поради високото ниво на антиоксиданси, зелениот чај делува како природно детоксификационо средство, а со самото тоа се намалува појавата на акни и тие побрзо исчезнуваат.rn
3. Заштита од сонце
rnКонсумирањето на зелен чај ја штити кожата од штетните сончеви зраци, а го спречува и појавувањето на изгореници и рак на кожата.rn
4. Губење килограми
rnЗелениот чај го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето на храната. Токму поради тоа, овој напиток е ефикасно средство во борбата против непотребните килограми.rn
5. Опаѓање на косата
rnГубењето на косата е хроничен проблем поврзан со модерниот начин на живеење. За да се решите од овој проблем, редовно консумирајте зелен чај, бидејќи тој ги стимулира фоликулите и го зајакнува коренот на косата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

