Дали е возможно летањето со чадор?
Се сеќавате на славната дадилка Мери Попинс, главниот лик од серијата романи на Памела Линдон Траверс? Благодарение на овој лик на писателката, секој од нас барем еднаш во животот се има запрашано дали може да полета со чадор и да се вивне во облаците. Особено во оние врнежливи денови кога многу силно дува и мислите дека секој момент ќе одлетате со вашиот чадор. 🙂Имајќи ја на ум Попинс и нејзиниот магичен чадор, американскиот екстремен спортист Ерик Ронер се обидел да ја претвори фантазијата во реалност. Така, наместо со падобран, тој решил да скокне од аеростат и да се спушти на земјата со голем зелен чадор.
Интересен е податокот дека Ронер откако скокнал од балонот, сепак успеал неколку секунди да лебди во калифорниското небо, по што чадорот му се извиткал и искинал, под силниот притисок од ветрот.
Авантуристот тогаш го фрлил чадорот и го отворил помошниот падобран и безбедно се приземјил. А снименото видео, е навистина неверојатно забавно.
„Ова беше забавно. Ти благодарам за идејата Мери Попинс. Ова беше голем чекор за науката. НАСА ќе може да го искористи во иднина.“ – се пошегува Ронер на сметка на својот неуспешен лет.
Неговиот будалест обид, сепак докажал дека барем на неколку секунди, летањето со голем чадор го забавува падот надолу, исто како во Дизниевиот мјузикл Мери Попинс од 1964, кој беше прилагоден според романите на Травер. Главната улога ја толкуваше Џули Ендруз.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.