Одбегнувајте да разговарате на овие теми со вашето момче

Одбегнувајте да разговарате на овие теми со вашето момче

Секако дека искреноста е најдобар пријател на секоја врска, но постојат одредени теми кои моментално би ја уништиле романсата, а и да бидеме искрени, никој не е целосно искрен за секоја најмала ситница. Па кога сè останато оди супер, зошто непотребно би започнувале осетливи теми кои со сигурност би довеле до конфликт и несогласувања? Со вашето момче одбегнувајте да дискутирате за:

Одбегнувајте да разговарате на овие теми со вашето момче

Неговите родители

Тој може и самиот да биде свесен дека неговата мајка е кошмар во движење, но сепак ќе ја брани бидејќи му е мајка. Не создавајте кавги и одберете друг, попаметен начин доколку сакате да се одбраните себеси или да му докажете нешто. Не влегувајте во конфликт. Ваквата дискусија со сигурност ќе создаде караница.

Колку се задржувате во тоалетот

Секако, станува збор за сосема природна појава, но тоа е одличен начин за да се убие романсата и страста. Бидете вистинска дама, тоа е ваша приватност.

Вашиот омилен актер

Се разбира дека Вин Дизел е неподносливо згоден, но нема потреба да му го докажувате тоа на вашето момче. Ваквиот разговор ќе направи тој да се чувствува лошо. На крајот на краиштата, и вие не би сакале да бидете споредувани со Памела Андерсон.

Колку долго се подготвувате за излегување

Сакате тој да се фокусира на крајниот резултат – ве гледа дека сте прекрасна кога ќе се подготвите. Зошто би се труделе да му ја објаснувате причината поради која ви требаше толку време за подготовка? И секако, тој не би разбрал, затоа оставете го процесот на дотерување да биде мистерија за него.

Одбегнувајте да разговарате на овие теми со вашето момче

Нервозни испади

Објаснувајќи зошто сте се скарале со вашата сестра или зошто збеснувате толку околу мозолчето на вашето лице, ќе направи пред него да изгледате како невротична личност, паничарка која како да ужива кога е под стрес. Жените се многу поемотивни за разлика од мажите, затоа разговорите за чувства оставете ги за кафе муабетот со пријателките.

Проблеми со вашата самодоверба

Речиси и да нема нешто што повеќе ги нервира мажите од прашањето „дали фармеркиве ме прават дебела?“ Па секако дека нема да ви потврди, со оглед на тоа што не сака ни да ве навреди, а и не би уживал во третата светска војна која ќе ја предизвикате. Не заборавајте, самодовербата е клучен фактор за она што е секси. Дури и да не се чувствувате сигурни во себеси, движете се како топ модел, сами ќе ја забележите разликата.

Вашата менструација

Секако дека треба да знае доколку дошол „оној период од месецот“. Но не очекувајте дека би бил соодветна личност за разговор околу деталите поврзани со целиот процес.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар