Се прашувате ли некогаш колку добро Фејсбук ве познава, колку ги познава вашите пријатели, какви сè детали од вашиот живот таму биле откриени, колку пријателства биле склопени и растурени? Ако се собере сè на куп и се премота забрзано напред, дали би добиле реална репрезентација на вашиот живот?Максим Луере добил идеја да го претстави животот на Алекс Дронер (Alex Droner) преку интерфејсот на фејсбук. Алекс Дронер е фиктивен лик, но во него може да се препознае секој од нас.Многу кликови, „лајкови“, споделени фотографии, тагови, радосни и тажни статуси…
Самиот производ е импресивно видео од помалку од 3 минути, за кое делува дека се потрошени многу часови работа.
Фантастична анимација, динамична музка, многу акција и интеракција… Дали доколку некој го направи ова за вашиот живот, ќе успееме да разбереме толку многу? Доволни ли ќе бидат 3 минути?rn
rn
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

